Сибирски тигар во село на североистокот од Кина повредил еден селанец и го скршил стаклото од прозорецот на автомобилот, објави кинески „People’s Daily“.
Локалните власти ги предупредиле жителите на селото Хеилонгијан да останат во своите домови. Тигарот планираат да го успијат, објави „People’s Daily“.
На Твитер е објавена и снимка од тигарот кој трча кон автомобилот. Снимката го прикажува и автомобилското стакло кое се скршило кога тигарот скокнал на автомобилот.
