Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Сè она што треба да се направи е да се прати порака кон Европа, дека Балканот треба да биде отворен и треба да биде откриен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Сè она што треба да се направи е да се прати порака кон Европа, дека Балканот треба да биде отворен и треба да биде откриен
АгровестиСаеми и манифестации

(ВИДЕО) Сè она што треба да се направи е да се прати порака кон Европа, дека Балканот треба да биде отворен и треба да биде откриен

Објавено 06/09/2022
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, во Белград се одржа Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“. На саемот имаше повеќе од 330 изложувачи од 22 земји од кои 233 од државите членки на Отворен Балкан.

Нашата земја под слоганот „Вкуси го животот” на Саемот учествуваше со 42 винарии и три дестилерии кои промовираа преку 300 различни вина и ракии, како и производители на храна кои ја претставија автентичната македонска кујна.

Саемот треба да обезбеди силна и ефективна промоција на туристичките капацитети на Македонија и привлекување нови туристи пред се од регионот, но и пошироко. На таа тема екипата на Агротим разговараше со директорот на Агенијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Северна Македонија, Љупчо Јаневски.

-Визијата на Отворениот Балкан ја живееме сега. Тоа треба да биде новиот чекор кон нешто повеќе. Туристичката дипломатија го направи своето и создаде поголема дестинација која што ќе овозможи многу повеќе. Ако во 2020 зборувавме за „дома си е дома“, за 2 милиона туристи, сега веќе имаме „дома си е дома“ за 11 милиони туристи.

Ено-гастро концептот е многу значаен, бидејќи Балканот е дестинација за четири сезони. Сè она што треба да се направи, да се прати порака кон Европа, дека Балканот треба да биде отворен и тој треба да биде откриен. Вториот дел треба да го направиме ние, туристичките работници. Токму и на овој саем, заеднички се претставуваме со националните туристички организации на Србија и на Албанија да ги претставиме нашите потенцијали, но и да ја пратиме пораката дека можеме да успееме во наредните години до 30 милиони туристи во текот на една сезона заеднички на Балканот.“, рече Јаневски.

Јаневски исто така посочи дека развојот на руралниот туризам треба да биде една од алките кон закрепнување на македонската економија.

-Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот е отворена за секаков тип соработка. Руралниот туризам, ено-гастро концептот, еко туризмот, е тоа што треба да нè води наредните години. Тоа треба да создаде многу нешта – нови зелени работни места, да брендира одредени органски производи, да создаде дестинации на кои можеби не сме им посветувале внимание во изминатиот период.

Развојот на руралниот туризам треба да биде една од алките кон закрепнување на македонската економија. Туризмот преку руралниот туризам, руралниот економски развој, треба да овозможи создавање на нови мали бизниси, создавање на женското претпиемништво, овозможување на младите генерации да создаваат на местото каде што се родени, да се овозможи една реформа и една поддршка во сè она што се нарекува туризам на еден поразличен начин.

Ние како дестинација треба да ја развиваме одржливоста во туристичката индустрија. Таа може да дојде само преку руралниот туризам, еко туризмот, гастро туризмот, ено гастро концептот и да не ги заборавиме винските рути кои на Балканот треба да ги создадеме.“

Македонските учесници на саемот, производителите, винариите, продажните менаџери со коишто разговаравме, се презадоволни од Винска визија Отворен Балкан и имаат само позитивни впечатоци.

-Ова досега е прв балкански саем со кој ги подобруваме и развиваме соседските односи. Саемот функционираше одлично, имаше комуникација, посетители од целиот регион. Во глобала се разменуваат повеќе информации за соработка, во иднина очекуваме подобра соработка, размена, продажба и извоз и подобрување на нашето производство, буквално и за извоз, затоа што ние сме производители на вино од Македонија, за нас српскиот пазар е потенцијален пазар, трипати поголем од македонскиот и има повеќе шанси за продажба и сите се стремат за подобар успех.

Со зближувањето на Отворен Балкан отворањето на границите, подобрувањето на фитолабораториите, агенциите за храна и ветеринарство мислам дека одиме на добар пат, дека ќе се подобри соработката, која и до сега е на едно добро ниво Ние како мала винарија се уште не извезуваме но во иднина со проследувањето на вакви саеми очекуваме да го зголемиме производството и да почнеме со извоз на територијата на целиот Балкан. – рече Блаже Миневски, сопственик на бутик-винаријата Бади од Кавадарци.

– Во основа овој саем можеби повеќе претставува еден почеток на соработка на македонските, албанските и српските винари, лозари и винодистрибутери, имаме можност ние сами да настапиме и сами да ги бараме нашите пазари лично. Можеби вниманието што ќе го привлечеме со оваа политика на Отворен Балкан нема да овозможи само ние сами да се пробиваме во нашите држави туку и ширум светот – рече Александар, продажниот менаџер на винаријата на Далвина.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Северна Македонија, Љупчо Јаневски, се надева дека до 2025 година Македонија благодарение на вакви настани, како и со успешни стратегии, ќе се гордее со повеќе од половина милијарда долари во македонската економија, и повеќе од 4 милиони ноќевања.

-Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе работи заеднички со останатите институции за да ја создаде наредната стратегија во туристичката индустрија токму кај нас, којашто треба да се прелее и на останатите земји и да овозможи одржливост на дестинацијата и во 2025 година да се гордееме на повеќе од половина милијарда долари во македонската економија, исто така повеќе од 4 милиони ноќевања. Тоа ќе се направи ако работиме сите заедно, ако успееме да создадеме повеќе капацитети во руралните средини, а исто така да создадеме и нови млади работни места коишто ќе ни овозможат одржливост во економијата. – рече Јаневски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:винска визијаотворен балкан
Претходен напис Најголемиот конвој со житарки исплови од Украина: Која е крајната дестинација на пченката и пченицата?
Следен напис До 300 милиони евра ќе бидат потребни за планот за непречено снабдување со струја
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?