На прв поглед изгледа како „секоја друга“ диња, но нејзината цена воопшто не е обична. Имено, јапонската диња по име Јубари се смета за најскапото овошје на светот.
Знаеме дека овошјето и зеленчукот од одредени сорти се луксуз за многумина, но најскапите овошја на светот, верувале или не, можат да чинат повеќе од златен накит или дури и парче земја.
Станува збор за диња одгледувана во Јапонија, која според податоците на аукцијата чини повеќе од 20.000 долари. Се вели дека има редовна цена од околу 200 долари, но во мај 2019 година, две дињи од Хокаидо биле продадени на аукција за 5 милиони јени или повеќе од 45.000 долари.

Според тоа, дињата Јубари е достапна само за највисоките слоеви на општеството во Јапонија и се продава во мали количини бидејќи не е лесно да се набави. Се одгледува во истоимениот регион, на сонце во пластеник.
За Јапонците, овошјето е посебна категорија, а не „ужина што би ја јаделе попатно“. Граѓаните на оваа земја му се восхитуваат не само поради неговиот вкус, туку и поради неговиот изглед. Поточно, овие дињи се одгледуваат со големо внимание, а на секоја ѝ се потребни 100 дена за да порасне.

Јубари дињата се одгледува во текот на целата година, а има дури 20 различни сорти на семиња, во зависност од сезоната. Строго се контролира количината на вода што ја апсорбира секое растение, како и климатизацијата или греењето.

Тие се класифицирани според 4 нивоа: фуџи, јама, широ и јуки. Дињата, која има дури и минимално оштетување, спаѓа во последната категорија, а првите три категории се одредуваат врз основа на содржината на шеќер и изгледот. 55% од дињите припаѓаат на третата класа; втората класа е 25 проценти, а само 0,1% или една од 1.000 од сите собрани дињи – е означена како фуџи.

Одгледување јубари дињи воопшто не е лесно. Се берат рачно, а како што растат плодовите на секое растение, внимателно се завиткуваат во бела хартија, за заштита. Секоја диња дури рачно се масира и полира. Потоа се покрива за да се заштити од сонцето во последниот период на раст.

Земјоделците мора да носат повеќе пара бели ракавици за време на процесот на полирање. Причината зошто овие дињи се, меѓу другото, толку скапи е тоа што се заштитени со географска ознака.

И покрај цената, за ова овошје има голем пазар ширум Јапонија. Потрошувачите се подготвени да платат за да се уверат дека нивниот подарок е совршен, особено знаејќи колку труд е вложен во производството. Дињите често се продаваат во поединечни кутии, на свила/сено или врзани со лента.
