Денеска имавме втора средба во рок во овие 10 дена, каде што разговаравме за пласманот на јаболкото од реколта 2024 година. Заедно со откупувачите се договорија минималните цени кои што ќе бидат за стартот на откупот на јаболкото од оваа реколта.
Откупувачите ги соопштија цените и тие минимално ќе изнесуваат 18 денари за ајдарет и истите ќе бидат веќе од понеделник истакнати на секое откупно место.
И она што јас можам да го ветам спрема земјоделците е дека процесот ќе го следиме преку Земјоделскиот инспекторат, да помине се согласно законите и процедурите и она што сме го договориле.
Фејсбук статус на Цветан Трипуновски – Министер за земјоделство, шумартсво и водостопанство.