Имав чест да учествувам на 12-тото издание на традиционалниот фестивал „Ден на Гравот“, настан кој не потсетува на важноста на традиционалните култури и вредноста на нашето земјоделско наследство, информира заменик министерот за земјоделство, Фљакрон Беџети.
-Овој фестивал не потсетува дека поддршката на домашните и традиционалните производи треба да биде постојан приоритет. Преку одржливите политики на MЗШВ и поддршката на производителите, можеме да го зголемиме производството и квалитетот на овие производи, правејќи ги составен дел од нашата земјоделска економија и култура.
Им благодарам организаторите на овој фестивал, Центарот за едукација и развој (ЦЕД), особено г. Метин Муареми, за неговата неуморна работа и посветеност во организирањето на оваа исклучителна манифестација, која успева да привлече повеќе од илјада посетители секоја година, претворајќи се во жив симбол на традицијата, културата и гостопримството на Теарце.
Фејсбук статус на Фљакрон Беџети – Заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
