Макадамија или позната како австралиски орев, се вбројува меѓу најскапите јаткасти плодови во светот. Ќесичка од половина килограм може да чини околу 25 долари, речиси двојно повеќе од другите јаткасти плодови.
Географскиот фактор, како и сложените технолошки процеси кои се користат во преработката на макадамијата, ги одредуваат многу високите цени на овој јаткаст плод.
Плодовите се мали, совршено тркалезни и покриени со тврда лушпа. Нивните хранливи својства и исклучително позитивните ефекти врз нашето тело се надалеку познати. Егзотичниот производ се смета за еден од најкорисните и највкусните видови ореви.
Во следното видео погледнете како се одгледува макадамијата.
