Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Одгледување компири без обработка на почвата – под слама или сено
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > (ВИДЕО) Одгледување компири без обработка на почвата – под слама или сено
Совети

(ВИДЕО) Одгледување компири без обработка на почвата – под слама или сено

Објавено 08/04/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Садењето компири на конвенционален начин бара многу напор околу обработката на земјиштето. Негативните ефекти од глобалните климатски промени и ограничените земјишни ресурси наметнаа развој на нови идеи за алтернативни методи за одгледување на овој зеленчук без обработување, познати како површинско садење на компири.

Според Gardeningknowhow, важно е да се избере место со многу сончева светлина и добар мулч за овој вид на одгледување, а она што е добро е што компировата златица ретко се појавува кај овој вид на одгледување.

Се препорачува да се користи влажна слама или сено

Наместо конвенционална обработка и подготовка за садење, површината на почвата се покрива со слој од мулч од 5 до 8 см (слама или сено) за што се потребни 100 кг на 100 м2.

Пожелно е сламата или сеното што се користи за мулчирање да бидат влажни, постари и иситнети, но може да се користи и сува и свежа слама, која потоа ќе биде потребно да се навлажни со вода, пред се за да се спречи ветрот да го разнесува мулчот.

За набиена почва се препорачува фрезирање или окопување

Ако површината на почвата е набиена или обрасната со плевел, можете да ја прекопате или само да ја обработите со вила за почвата да добие кислород. Во таа прилика збогатете ја со ѓубриво арско, органско, компост или минерално ѓубриво.

Делумно обработената почва овозможува додавање на соодветна количина ѓубриво кое коренот го пронаоѓа со растење низ тенкиот слој мулч и вкоренување во почвата, а развојот на клубените ќе се одвива на површината на мулчот без контакт со почвата.

Садење кога температурите се од 8 до 10 ° C

За садење потребно е температурата на воздухот и почвата да биде меѓу 8 и 10 ° C. Компирите се садат на растојание од 30 см во ред и 40 до 50 см меѓу редовите. По садењето клубените се прекриваат со влажна сечкана слама со дебелина од 10 до 15 см. Сувата слама или сено треба да се полеваат со вода бидејќи така се создаваат поволни услови за минерализација на мулчот. Врз мулчот може да се стави свежо исечена трева или арско ѓубриво за да се спречи дополнително отстранување од ветерот, а истовремено да се обезбеди дополнителен извор на хранливи материи.

Додавање нов слој

Кога растенијата ќе достигнат висина од 15 до 20 см, потребно е да се нанесе нов слој на мулч за да се задржи влагата и да се одржи поволна температура како што е мулчирањето при конвенционално одгледување. Исто така, подебелиот слој го спречува продирањето на светлината до клубените и со тоа и озеленувањето на компирот. По дополнителниот слој, покриеното растение треба да се ослободи со разоткривање за да може да продолжи да расте и да формира силни стебла и листови.

Едноставна берба

Седум дена по цветањето, младиот компир е готов за вадење. Не мора да го откорнете целото растение, само тргнете ја сламата, извадете ги поголемите клубени и повторно натрупајте го мулчот, за помалите клубени да продолжат да растат. Кога горниот дел ќе се исуши, неговиот животен циклус е завршен, а една недела подоцна отстранете ги другите клубени. Само израмнете ја сламата и оставете ја да изгние и така да ја збогати почвата.

Може да ви се допадне

Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Пет причини зошто да изберете ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР!
Примена на фертиригација кај овошните насади
Cydia pomonella (Јаболков црв) – најзначаен економски штетник во овошните насади
Таг:компири
Претходен напис ЕСМ: ФЕ Осломеј 1 во Кичево е прва сончева електрана во Југоисточна Европа изградена врз стар рудник
Следен напис Се зголемуваат водостоите на реките, најголемо зголемување во последните 24 часа има реката Вардар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?