Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Николовски и Бачовски го најавија последниот повик од ИПАРД 2 програмата, на располагање се 8,8 милиони евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Николовски и Бачовски го најавија последниот повик од ИПАРД 2 програмата, на располагање се 8,8 милиони евра
Агровести

(ВИДЕО) Николовски и Бачовски го најавија последниот повик од ИПАРД 2 програмата, на располагање се 8,8 милиони евра

Објавено 03/08/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски денеска на прес конференција по брифингот со новинарите го најавија последниот повик од ИПАРД 2 програмата, што утре ќе го ојави Платежната агенција.

-Вкупно 8,8 милиони евра ќе изнесува финансиската поддршка на последниот ИПАРД 2 повик што ќе биде објавен утре. Крајниот рок за поднесување на барањата е 18 септември 2023 година, а инвестициите што ќе бидат одобрени, мора да се реализираат до 31 мај, рече Николовски.

Последниот повик од ИПАРД 2 се однесува на мерката 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рубни производи. Новите инвестиции би биле за млеко и млечни производи, месо и преработки од месо, вклучувајќи јајца и живина, овошје и зеленчук, житарки, мелнички и растителни производи, масла и животински масти ,вино, оцет…, а финансиската поддршка е 75 отсто од ИПАРД и 25 проценти од државниот буџет. Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна помош (грант) во иснос од 50 отсто од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

-Сите македонски компании од агросекторот треба да се потрудат да подготват добри, издржани апликации. Во оваа насока, во август министертсвото ќе организира неколку состаноци овој месец со сите потенцијални апликанти, најави Николовски.

Целта е максимално искористување на ИПАРД 2, „до последно евро“. Засега се склучени 2 369 договори, што е повеќе од вкупниот број на договори во Србија, Албанија и Црна Гора заедно.

По ИПАРД 2 следуваат повиците од новиот ИПАРД 3.

-Први во регионот почнуваме со ИПАРД 3 со зголемен буџет од 62 %, согласно последната одлука на европската комисија. Во ИПАРД 3 на располагање се 97 милиони евра, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и додаде дека се надева дека ќе се повтори успехот со ИПАРД 2.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:88 милиони евраБачовскиипард 2Николовски
Претходен напис Николовски: Од ИПАРД 2 нема да вратиме ниту едно евро, имаме повеќе договори од Србија, Албанија и Црна Гора заедно
Следен напис МЗШВ има еден случај од ОЛАФ, но не поврзан со ИПАРД, туку за обезбедување софтвер преку ИПА
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?