Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Од ИПАРД 2 нема да вратиме ниту едно евро, имаме повеќе договори од Србија, Албанија и Црна Гора заедно
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Од ИПАРД 2 нема да вратиме ниту едно евро, имаме повеќе договори од Србија, Албанија и Црна Гора заедно
Агровести

Николовски: Од ИПАРД 2 нема да вратиме ниту едно евро, имаме повеќе договори од Србија, Албанија и Црна Гора заедно

Објавено 03/08/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупно 8,8 милиони евра ќе изнесува финансиската поддршка на последниот ИПАРД 2 повик што ќе биде објавен утре. Крајниот рок за поднесување на барањата е 18 септември 2023 година, а инвестициите што ќе бидат одобрени, мора да се реализираат до 31 мај. Барањето за исплата треба да се достави до 30 јуни, а потоа Платежната агенција во рок од шест месеци (до крајот на годината) има обврска да ги исплати средствата. 

Како што рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на средба со новинарите, целта е максимално искористување на ИПАРД 2, „до последно евро“.

Засега се склучени 2 369 договори, што е повеќе од вкупниот број на договори во Србија, Албанија и Црна Гора заедно.

-Овој последен повик го објавуваме со цел овие 8,8 милиони евра, како последни пари од ИПАРД 2, да бидат инвестирани дома со што, во буквална смисла, ниту еден денар нема да вратиме назад, за разлика од ИПАРД 1 кога 60 милиони евра беа вратени кон ЕУ. На овој начин, вкупната реализираност на ИПАРД Програмата би достигнала 100 проценти, што би било уште еден успех за државата. Успехот е за восхит, не само зашто сите пари ги искористуваме, насочувајќи ги во инвестиции на домашни компании, туку направивме и рекорд во регионот. Со последниот повик бројката на договори би се зголемила и рекордот би се потврдил,  истакна Николовски.

ИПАРД 2 повикот ќе се однесува на мерката 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рубни производи. Новите инвестиции би биле за млеко и млечни производи, месо и преработки од месо, вклучувајќи јајца и живина, овошје и зеленчук, житарки, мелнички и растителни производи, масла и животински масти,…, а финансиската поддршка е 75 отсто од ИПАРД и 25 проценти од државниот буџет. Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна помош (грант) во иснос од 50 отсто од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

Во јавниот повик не се прифатливи инвестиции во градежни работи. Повикот е исклучиво наменет за набавка на опрема за преработки. Во однос на инвестициите поврзани со производство на енергија од обновливи извори, единствено прифатливи се инвестиции за набавка и инсталирање опрема за производство на енергија за сопствени потреби. 

-Сите македонски компании од агросекторот треба да се потрудат да подготват добри, издржани апликации. Во оваа насока, министертсвото ќе организира неколку состаноци овој месец со сите потенцијални апликанти, најави Николовски. 

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:Албанијадоговориипард 2НиколовскиСрбијаЦрна Гора
Претходен напис Што береме и сееме во август?
Следен напис (ВИДЕО) Николовски и Бачовски го најавија последниот повик од ИПАРД 2 програмата, на располагање се 8,8 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?