Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Незапомнета трагедија: 18.000 крави изгореле во експлозија и пожар во Тексас
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Незапомнета трагедија: 18.000 крави изгореле во експлозија и пожар во Тексас
Агровести

(ВИДЕО) Незапомнета трагедија: 18.000 крави изгореле во експлозија и пожар во Тексас

Објавено 13/04/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Експлозија и пожар целосно уништиле фарма за млечни крави во Димит, Тексас, САД, а изгореле најмалку 18.000 крави, пишува Farmers Weekly. Експлозијата ги затресла околните куќи, а можела да се види на оддалеченост поголема од 400 километри.

Огнот брзо се проширил, а пламенот и чадот ги заробиле работниците кои се обидувале да ги ослободат животните. Противпожарните единици морале да ги спасуваат работниците. Една жена била пренесена во болница и е во критична состојба.

Вкупниот број на угинати животни допрва треба да се потврди. Локалните власти велат дека само мал број од 20.000 крави на фармата преживеале.

Полицијата се сомнева дека до експлозијата и пожарот дошло поради дефект на машината, чиј дел се прегреал пред експлозијата. Исто така, постои сомневање дека се запалил гасот, поради што настанала огнена топка која го зафатила објектот и добитокот во него. На социјалните мрежи пишува дека дефектот настанал во вакуумот за всисување на кашеста маса и урина, а експлозијата настанала поради палење на метан.

Шерифот на округот Кастро, Сал Ривера не сакал да шпекулира за бројот на настраданите грла. Тој нагласи дека има преживеани животни, а некои се здобиле со сериозни повреди и ќе мора да бидат еутаназирани. Започната е истрага за причините за пожарот.

Се верува дека ова е најголемиот поединечен случај на угинување на говеда во САД откако Институтот за благосостојба на животните со седиште во Вашингтон почнал да ги следи пожарите во штали и фарми во 2013 година.

Претходниот најголем пожар се случи во 2020 година на фарма за млечни крави во државата Њујорк, кој проголта околу 400 животни.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа густ чад и се слуша агонијата на животните зафатени од пожарот.

JUST IN: 18,000 cows are now dead due to an explosion in Dimmitt, Texas.

Honest question: How does a dairy farm have an explosion so large that it kills 18,000 cows?pic.twitter.com/cQ66IYH3la

— Collin Rugg (@CollinRugg) April 12, 2023

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:18000кравитексас
Претходен напис Прогноза за глобалното производство на пченица и останати житни култури во 2022/23
Следен напис Битиќи: Го препознаваме селскиот, винскиот и алтернативниот туризам како изворедна можност, Македонија има што да понуди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?