Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Битиќи: Го препознаваме селскиот, винскиот и алтернативниот туризам како изворедна можност, Македонија има што да понуди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Битиќи: Го препознаваме селскиот, винскиот и алтернативниот туризам како изворедна можност, Македонија има што да понуди
Агровести

Битиќи: Го препознаваме селскиот, винскиот и алтернативниот туризам како изворедна можност, Македонија има што да понуди

Објавено 13/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Го препознаваме селскиот, авантуристичкиот, винскиот и алтернативниот туризам како изворедна можност, бидејки имаме што да понудиме. Земјава нема море, но има прекрасни езера и планини, културно и историско наследство, како и традиција, кои се предуслови да се биде на мапата атрактивни туристички дестинации вредни да се посетат, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на настанот по повод претставувањето на успешните проекти, поддржани од Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК).

Како што напомена Битиќи, Владата секогаш ќе поддржува иницијативи кои македонскиот туристички потенцијал ќе го направат меѓународно конкурентен за привлекување што поголем број туристи и промовирање на земјата како атрактивна туристичка дестинација.

Проектот за локална и регионална конкурентност содржи три компоненти: техничка поддршка за развој на туризмот, подобрување на менаџментот на дестинациите и подобрување на околината, како и инвестирање во туристичките дестинации.

– Особено радува фактот што овие реализирани проекти значително влијаат врз нашиот локален туризам, но и врз целокупната економија на Република Северна Македонија, преку зголемување на туристичката понуда која придонесе за отворање нови работни места. Токму оваа винарија во која сме денес, говори за успешноста на овој пројект, во кој 19 микро, мали и средни компании беа поддржани со проекти со кои ја подобруваат својата инфраструктура и секако ја диверзифицираат палетата на услуги кои можат да ги понудат на туристите, соопшти Битиќи на настанот во винаријата „Лазар”.

Тој истакна дека покрај микро, малите и средните претпријатија, во делот на инфраструктура се поддржани уште 20 здруженија и асоцијации, како и 20 општини со проекти кои, оцени, даваат една нова перспектива во насоките во кои треба да се развива нашиот туризам.

-Бенефитите за македонската економија од инвестициите реализирани во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност се повеќекратни. Зголемен е бројот на туристите – локални и од целиот свет, што резултира со потреба од нови работни места, нови можности за развој и поголеми приходи за нашата економија, рече Битиќи.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:македонија
Претходен напис (ВИДЕО) Незапомнета трагедија: 18.000 крави изгореле во експлозија и пожар во Тексас
Следен напис Билатерална средба на директорот на АХВ, Николче Бабовски со Владимир Ѓаковиќ, директор на Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи на Црна Гора
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?