Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео) Необична глетка на фарма во Турција: Женка кангал дои јагне
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (Видео) Необична глетка на фарма во Турција: Женка кангал дои јагне
Магазин

(Видео) Необична глетка на фарма во Турција: Женка кангал дои јагне

Објавено 05/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Овчарското куче кангал чува стадо овци на фарма во селото Кајадиби, од турската провинција Сивас, а сопственикот на стадото се изненадил кога видел каква друга улога преземало кучето – почнало да дои едно јагне, кое престанало да цица од мајката, која ја заменило со женката кангал, која не го одбила малото јагне.

„Кангалот не се жали. Овие кучиња веќе имаат инстинкт да ги заштитат другите и таа му помага на јагнето. Таа има висок капацитет за доење и нејзиното млеко е доволно и за јагнето и за нејзиното кутре“, вели Забит Бекташ, косопственик на фармата и одгледувач на овчарски кучиња.

„Јагнето можеби го направило ова затоа што мајка му не му дала доволно млеко. Нашиот кангал го посвои јагнето затоа што има суптилен инстинкт да ги заштити овците. Јагнето го дојат и мајката и кучето“, вели Бекташ.

Селскиот старешина Ведат Челеби исто така рекол дека мештаните биле изненадени од сцените од фармата, кои ги поврзуваат со силниот мајчински инстинкт кај животните.

Кангалите се користат и за психолошка терапија кај децата, особено кај оние со аутизам и кај лицата што се опоравуваат од зависност од дрога. Нивното потекло датира од пред повеќе од 6.000 години. Тие се способни да ја издржат суровата клима во Турција во зима и номадскиот начин на живот на овчарите.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:јагне
Претходен напис Блумберг: Европа во следните два месеца може да остане без гас
Следен напис Зголемен водостојот на Охридско Езеро, Преспанското под апсолутниот минимум
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?