99.98 проценти од бананите во Јапонија се од увоз. Но во најстудената префектура во земјата, Хокаидо, во градот Куширо, компанијата „946 Bananas“ произведува ретки банани кои чинат 1.080 јени по парче, околу 10,40 американски долари.
Одгледани без пестициди или вештачки ѓубрива, освен што имаат моќна придобивка за организмот, главна особеност им е што може да се јаде и нивната кора.
Погледнете како се одгледува оваа банана.
