Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Мојсовска: Голем проблем е миграцијата и непостоењето на интерес на младите да се занимаваат со земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Мојсовска: Голем проблем е миграцијата и непостоењето на интерес на младите да се занимаваат со земјоделство
Агровести

(ВИДЕО) Мојсовска: Голем проблем е миграцијата и непостоењето на интерес на младите да се занимаваат со земјоделство

Последна измена: 18/12/2023 18:47
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Неорганизираниот пласман на земјоделските производи и ниските откупни цени се само дел од проблемите со кои се соочуваат македонските земјоделци, изјави денеска претседателката на Националната федерација на фармери (НФФ), Васка Мојсовска.

Овој тренд е забележан во последните 10 години вели Мојсовска, што ги доведува примарните земјоделски производители во ранлива положба во поглед на стопанските и деловните активности, како и нивниот животен стандард.

-Голем проблем за нас земјоделците е миграцијата и непостоењето на интерес на младите да се занимаваат со земјоделство. Загрижувачки е податокот дека миграцијата на граѓаните од руралните средини кон градовите и европските држави, особено млади и жени, достигна 50 отсто, изјави Мојсовска.

Според Пописот во 2021 година, Мојсовска вели земјава се соочува со изразена регионална нерамномерност на населението помеѓу урбаните и руралните средини, и додава дека доминира урбаното население со вкупно 1.131.356 жители, односно 61.6 отсто, додека пак, во руралните средини живеат 705.357 жители, односно 38.4 отсто.

Посочи дека 36 отсто од оние кои живеат во рурални области се соочуваат со проблем на пристап до банкарски услуги, 24 отсто пристап до поштенски услуги, како и 20 отсто пристап до културни објекти. Основните услуги за транспорт не се достапни или се тешко достапни за населението во руралните области, вели таа, посочувајќи дека малите рурални општини имаат значителни проблеми за одржување на квалитетот и пристапот до основните услуги како што се здравствените, образовните и социјалните услуги.

-Еден од најголемите проблеми во земјоделскиот сектор во земјата е стареењето на работната сила и немање на работници. Мораме да истакнеме дека во сите земјоделски и сточарски сектори имаме недостаток на работна сила. Таков е наметнатиот тренд каде што земјоделството е неатрактивна работа и не сакаат да бидат работници во овој сектор, рече Мојсовска.

Голем дел од фармите се заинтересирани за увоз на работници, бидејќи не можат да го постигнат обемот на работа.

-Сметаме дека во политиките и стратегиите на земјоделството треба посебно да се даде акцент на климатските промени, навистина се голем проблем за нас земјоделците и мора да го прилагодиме производството на новите климатски услови. Колебливоста на климата е веќе зголемена во Македонија и нашата држава веќе стана земја со висока изложеност на најразлични природни непогоди, особено поплави, суши, екстремни температури, град и земотреси, рече Мојсовска.

Како позитивен тренд таа го истакна тоа дека земјоделците кои вистински егзистираат од земјоделството се регистрираат како мали оператори за храна и имаат додадена вредност на своите производи.

-Правилниците за мали оператори од растително и нерастително потекло се покажаа како успешна политика и поддршките кои се даваат за нивно јакнење преку Програма на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, која оваа година се имплементира се покажаа како доста ефикасни мерки кои се насочени кон економско јакнене на земјоделците поготово на младите и жените, изјави претседателката на НФФ, Васка Мојсовска

Може да ви се допадне

Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Во мај годишен раст од 12,2 проценти на вкупните депозити и од 12,1 процент на вкупната кредитна поддршка
Народна банка: Макроекономската слика за економијата не е значително променета во споредба со октомвриските проекции
Таг:ВаскаМојсовскастандардФедерација на фармери
Претходен напис Тутунарите обвинуваат дека откупувачите не им го примаат тутунот, Инспекторатот вели досега нема пријави за неправилности
Следен напис Наутро магла, преку ден сончево со температура до 14 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?