Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тутунарите обвинуваат дека откупувачите не им го примаат тутунот, Инспекторатот вели досега нема пријави за неправилности
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тутунарите обвинуваат дека откупувачите не им го примаат тутунот, Инспекторатот вели досега нема пријави за неправилности
Агровести

Тутунарите обвинуваат дека откупувачите не им го примаат тутунот, Инспекторатот вели досега нема пријави за неправилности

Објавено 18/12/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тутунарите обвинуваат дека откупувачите не сакаат да им го преземат родот. Ако на 15 декември, на почетокот на откупната кампања, производителите не дојдоа на пунктовите, сега тие обвинуваат дека фирмите не сакаат да го преземат родот на оние кои дошле да го предадат и без разлика дали е старата цена или не, мора да стигнат до парите за да платат обврски.

-Некаде на откупните пунктови во Прилепско се носи тутун, некаде не се носи. И тој што е донесен, не се откупува. Од откупувачите со образложение – така ни е наредено. Ги прашувам Министерството за земјоделство и Земјоделскиот инспекторат зошто не се купува тутунот и ако се купува, по која цена? Јас лично денеска однесов 17 картони со тутун, но не ми го купуваат ниту „Секе“ компанијата ниту „Алијанса“ од Кавадарци, со образложение дека им рекле да не купуваат тутун. Го повикувам Земјоделскиот инспекторат да излезе на терен. А луѓе имаат обврски, зеле кредити, им требат парите. Дали вака или онака, ќе го дадат родот, изјави Злате Дамески, претседател на прилепското тутунско здружение „Мице Козар“.

– Бараме одговори ама нема. Освен тоа имаме повереници на сите ваги во откупните пунктови. Кој ќе ги плати поверениците. Дневно се потребни околу 5000 евра за да се исплатат, вели Гоце Јончески, тутунопроизводител, член на тутунското здружение „Мице Козар“ од Прилеп.

И во Долненскиот регион, велат од здружението „Златен лист“ не се откупува. – Не се откупува и во Долненско. Луѓе носат тутун, ама ниту по стара, ниту по нова цена се купува. Го замолувам Земјоделскиот инспекторат да излезе на терен. Предлагам да се повлечат поверениците, вели Муса Ибраимоски од тутунското здружение „Златен лист“ од Долнени.

Од Асоцијацијата на земјоделци и фармери на Република Северна Македонија бараат да се огласи Министерството за земјоделство и Инспекторатот да излезе на теренот. Тутунарите остануваат на ставот за повисоки цени.

– Чудно е тоа што се случува меѓу откупните претпријатија и зошто не купуваат тутун. Инспекторатот ако е на терен ќе утврди дека откуп не се врши, без разлика дали е донесен тутун за купување. Овие загуби за плаќање на поверениците, а нема откуп, да ги преземат откупните претпријатија, а не земјоделските здруженија, изјави Перо Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјуоделци и  фрармери на Република Северна Македонија.

Во Земјоделскиот иснпекторат досега нема пријава за неправилности во откупот.

-До нас како Инспекторат нема стигнато пријава за неправилности и ги охрабруваме тутунарите да го сторат тоа. Од официјалниот почеток на кампањата, во земјава се купени незначителни количества, вели јане Станкоски, директор на Државниот земјоделски инспекторат.

Годинашнава реколта е преполовена, иако квалитетна. Се проценува на 13-тина илјади тони.

МИА

Може да ви се допадне

Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Таг:ИнспекторатотнеправилностиобвинуваатОткупувачитепријавитутунаритетутунот
Претходен напис Вицепремиерот Битиќи и министерот Николовски на увид во завршните работи на браната „Конско“ кај Гевгелија
Следен напис (ВИДЕО) Мојсовска: Голем проблем е миграцијата и непостоењето на интерес на младите да се занимаваат со земјоделство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?