Најспектакуларната соработка на музички и вински брендови за 2021 година тешко дека ќе биде надмината оваа година: Лејди Гага и Дом Перињон ги обединија силите во промоција на ексклузивна линија на розе шампањ.
Фотографиот Ник Најт се погрижил да создаде декадентен и раскошен визуелен идентитет на кампањата која во целост одговара во духот на прочуениот шампањски бренд и личноста на поп иконата.

Кампањата со име The Queendom ја слави позицијата на Лејди Гага како глобална кралица на поп музиката, а централни елементи на промоцијата се посебно дизајнираното шише шампањско, како и склуптура во форма на роза, која служи како кутија за шишето. Што се однесува до виното во прашање е розе на Дом Перињон од 2005 година, кое минатите години ги воодушеви винските критичари:
„Неверојатно добро вино, извонредно суптилно и интензивно, со арома на праска, јагода и шлаг, со додаток на листови ружа и компот од праски, со уптрапријатни танини со допир на свила. Завршницата трае повеќе минути – напишал Џејмс Саклинг.

Бројот на скулптури и шишиња е ограничен на 110, а винаријата LVMH и брендот Дом Перињон се определија целиот профит да го упатат на сметката на хуманитарната фондација Born This Way која ја водат Лејди Гага и нејзината мајка.
„Секогаш мислев дека Дом Перињон е симбол на креативниот дух. Нема правила освен едно: никогаш не престанувај да тежнееш кон ѕвездите“ – изјави Лејди Гага по повод промоцијата на ова ексклузивно вино чија цена јавно не е достапна.
