Ариел Чахи од Израел одгледал јагода тешка 289 грама.
Плодот, за кој е потврдено дека е најтешката јагода на светот, е долг 18 сантиметри, широк четири и има обем од 34 сантиметри.
Оваа јагода е од сортата „Илан“ и се одгледува во семејната компанија на Чахи, која се наоѓа во Кадима-Зоран, Израел.
Сортата јагоди „Илан“ првично ја одгледувал д-р Нир Даи, истражувач од Израелската организација за земјоделски истражувања, во вулканскиот центар АРО во Бет Даган, во близина на Тел Авив.
Познато е дека оваа сорта на јагоди дава одличен плод.
„Во оваа сезона на јагоди, крајот на јануари и почетокот на февруари беа особено студени“, објаснил д-р Нир Даи, кој бил еден од сведоците за време на мерењето на јагодите.
„Јагодата се развиваше полека повеќе од 45 дена од цветањето, што ја поттикна нејзината големина во фазата на полното зреење. Тоа значеше дека повеќе бобинки растат и се спојуваат во една голема јагода“, објасни тој.
Временските услови придонеле за голем род на фармата на Чахи, при што се произведени не само една, туку четири невообичаено големи јагоди.
Шампионот во „тешка категорија“ тежел 289 грама.
Претходниот рекорд за најтешка јагода во светот беше 250 грама.
