Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Констатирано присуство на птичји грип, се утврдува патогеноста
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ: Констатирано присуство на птичји грип, се утврдува патогеноста
Агровести

АХВ: Констатирано присуство на птичји грип, се утврдува патогеноста

Објавено 18/02/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство ги чека финалните резултати од дополнителните молекуларни тестирања на база на секвенционирање за утврдување на патогеноста на вирусот на авијарна инфлуенца H5N1, кои ги врши Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје. Согласно меѓународно пропишаните дијагностички протоколи на Институтот, со дополнителните тестирања треба да се утврди поттипот на вирусот.

Присуството на вирусот H5N1 беше констатирано завчера попладне, по поставениот сомнеж на авијарна инфлуенца и Њукастелска болест кај живината, со лабораториско испитување на мостри од 2 угинати лебеди и 1 дива патка од станбениот комплекс Свети Јован во скопско Злокуќани. Мострите за лабораториско испитување до Факултетот за ветеринарна медицина доставени се од лице од комплексот во Злокуќани.

По добиеното известување, од страна на официјални ветеринари на АХВ, навреме се преземени законски дефинираните мерки, а во комплексот, каде како миленици на отворено се чувале лебеди, гуски и диви патки и 18 кокошки во кафези, се спроведуваат мерки за заловување и депопулација на птиците. Мострите од заловените птици ќе бидат лабораториски испитани на Ветеринарниот институт.

Согласно дефинираните оперативни процедури на АХВ при појава на болести кај животните, вчера, состанок одржа и Националниот центар за контрола на болести, на кој се дефинираа идните активности кои ќе се преземат за ставање под контрола и искоренување на болеста.

Иако присуството на вирусот не е потврдено на фарма, туку кај птици кои се чувале на отворено, од АХВ апелираат до одгледувачите, бисигурносните мерки на фармите да ги подигнат на највисоко ниво и да ја следат здравствената состојба на живината. Состојбата со авијарна инфлуенца во светот, на дневна основа, АХВ ја следи преку порталот на Светската организација за здравствена организација на животните – ОИЕ и презема соодветни мерки.

Птичјиот грип е зооноза и од неа, првенствено заболуваат птиците, но, можно е да заболат и луѓето кои подолго време имале контакт со заболена живина. Болеста може да предизвика големи економски загуби во живинарството, а кај птиците кои се чуваат како миленичиња и дивите птици, птичјиот грип предизвикува висока стапка на смртност.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ахвптиќчји грип
Претходен напис (ВИДЕО) Јагода од 289 грама го сруши Гинисовиот рекорд
Следен напис Уште утре топло, од недела дожд, пообилни врнежи во вторник
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?