Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео) Интелигентната мотика ги контролира плевелите во органското земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Механизација > (Видео) Интелигентната мотика ги контролира плевелите во органското земјоделство
Механизација

(Видео) Интелигентната мотика ги контролира плевелите во органското земјоделство

Објавено 11/11/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Интелигентната мотика е нов тип машина претставена од Photoheyler, а е развиена од младите германски иноватори Стефан Хајнрих и Томас Стангл, кои за нивниот изум ја добија сребрената награда Agritechnica.

Благодарение на модерната технологија која ги поврзува поставените камери и тракторот, машината со најголема прецизност се води низ редовите и може да обработи еден хектар за еден час.

Нејзината предност е што мануелната работа е сведена на минимум со истовремено подобрување на механичката контрола на плевелите во органски услови.

Во овој вид на земјоделство, кој сѐ повеќе се промовира, контролата на плевелот е исклучително важна, особено во почетните фази на култивираните растенија. Голем дел од времето и работната сила се троши на окопување на посевите. Како што истакнуваат иноваторите, овој концепт комбинира неколку новитети.

Камерите прецизно ги снимаат посевите, а со помош на сензори се контролираат тркалата во согласност со движењето на тракторот. Тоа овозможува прецизна манипулација со тракторот и машината долж редовите. Со помош на хидраулични цилиндри се контролираат тркалата на машината кои се синхрони со цилиндрите на тракторот, односно ги следат.

Системот на ротирачки мотики има координирана работа со камерите лоцирани напред, а на задната страна е поставена камера што овозможува полесно возење на тракторот.

Ротациските мотики го отстрануваат плевелот во редот под агол од 90 степени. На овој начин отстранетиот плевел од редовите го сместува во меѓуредно растојание.

Овој млад тим планира во иднина да ја надгради машината и да овозможи прскање на пестициди директно на несаканото растение, со што би се овозможило прецизно дозирање и заштеда.

Како работи оваа мотика погледнете во видеото:

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Агро Геа понуда: Сено – собирач/растурач
Експертите предупредуваат: Смоквата не е безбедна за садење близу домот
(ВИДЕО) АГРО ГЕА: Мини утоварач, одличен за работа на фарма! Можност за плаќање на рати!
Агро Геа: Резервни делови за БАЛИРАЧКИ од брендовите SIPMA, JOHN DEERE, CLASS, WELGER, LIFAM, NH, AMA Scrobatti, MF, IHC и други
Марков: Нема да се одземаат тракторите и приклучната механизација кои се нерегистрирани и без сопственост
Таг:машинамеханизацијановитетсадење
Претходен напис Ако немате сопствена механизација – еве колку се наплаќа услугата ОРАЊЕ
Следен напис МИНИ БАГЕРИ во Уни Партс со промотивни цени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?