Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ако немате сопствена механизација – еве колку се наплаќа услугата ОРАЊЕ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Механизација > Ако немате сопствена механизација – еве колку се наплаќа услугата ОРАЊЕ
Механизација

Ако немате сопствена механизација – еве колку се наплаќа услугата ОРАЊЕ

Објавено 11/11/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За профитабилно земјоделско производство потребна е современа механизација со која ќе се работи без загуби или тие ќе се сведат на минимум.

Најголем дел од земјоделските производители последниве години набавија сопствена механизација и се поретко се случува да има побарување на услуга за орање. Но доколку постои таква потреба од страна на производителите можат да ангажираат орачи кои со нивна механизација ќе ја извршаат таа агротехничка мерка.

Прашавме неколку земјоделци кои не информираа дека нивната услуга ја наплаќаат по цена од 5000 – 6000 денари орање за еден хектар. Или половина од цената, ако сопственикот го набави горивото.

Потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделците, Гоце Серафимов вели дека се помалку има ваква потреба од страна на земјоделските производители затоа што ова значително го зголемува трошокот на производство и тие што сериозно се занимаваат со земјоделство имаат набавено земјоделска механизација.

-Последниве години, благодарение на поддршката од државата за набавка на нови трактори и друга механизација, 20 -30 % од возниот парк го обновија земјоделците. Тоа ја намали потребата од изнајмување на орачи, затоа што скоро секој сериозен земјоделец има добра механизација. Знаеме дека се скапи сите суровини за производство и уште ако се плаќа орање, тањирање и други операции тогаш нема да му се исплати производството и нема да заработи ништо. Очекуваме дека ваквата поддршка од страна на државата ќе продолжи и ќе ни помогне на тие што се занимаваме само со земјоделско производство за да можеме да ги обработуваме површините и да го зголемуваме домашното производство на храна – вели Серафимов.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Агро Геа понуда: Сено – собирач/растурач
(ВИДЕО) АГРО ГЕА: Мини утоварач, одличен за работа на фарма! Можност за плаќање на рати!
Агро Геа: Резервни делови за БАЛИРАЧКИ од брендовите SIPMA, JOHN DEERE, CLASS, WELGER, LIFAM, NH, AMA Scrobatti, MF, IHC и други
(ВИДЕО) АГРО ГЕА: Мини утоварач со носивост 520 кг, одличен за работа на фарма!
АГРО ГЕА: Тракторски приколки!
Таг:traktorгоце срафимовуслуга орање
Претходен напис Понуда на Агровојводина: Модели и цени на ТРАКТОРИ
Следен напис (Видео) Интелигентната мотика ги контролира плевелите во органското земјоделство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?