Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Хоџа: Од продажбата очекуваме над 300 милиони евра во буџетот, но инвестиците на таа земја ќе достигнат над 2 милијарди евра и многу нови вработувања
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Хоџа: Од продажбата очекуваме над 300 милиони евра во буџетот, но инвестиците на таа земја ќе достигнат над 2 милијарди евра и многу нови вработувања
Агровести

(ВИДЕО) Хоџа: Од продажбата очекуваме над 300 милиони евра во буџетот, но инвестиците на таа земја ќе достигнат над 2 милијарди евра и многу нови вработувања

Објавено 15/06/2021
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нацрт законот за продажба на државната земјоделска земја, предложен од МЗШВ има неколку поволности за земјоделските производители, како оние што имаат помали површини под концесија, до големите агрокомбинати кои обработуваат илјадници хектари. Таков е случајот со Нури Сулејмани од Арачиново кој како сопственик на Земјоделскиот комбинат „Сингелиќ“ работи 750 хектари.

И самиот господин Сулејмани покажа интерес за купување на земјоделско земјиште и рече дека ова е добра можност да се гарантира континуитет на обработката на ова земјиште и можностите што ќе им бидат понудени за инвестирање во нови технологии и модерна механизација.

-„Да, ние го работиме овој бизнис од 99 година, значи скоро 22 години, некогаш кога имавме постара и помала машинерија, нормално дека имавме потреба од поголема работна сила, но ние како регион имаме еден проблем, бидејќи живееме на урбано место, во близина на градот Скопје и многу тешко може да се најдат работници од оваа област, кои се софистицирани, кои се посветени на оваа насока, за да не  зависиме премногу од работната сила, следејќи и трендот на машинерија, што се развива и која е дефинитивно потребна бидејќи климатските промени не принудуваат да се ориентираме кон моќни машини за брзо фаќање на оние работи што се со рок, како што садењето, бербата, како и за прскање, значи ако сакаме да имаме квалитет потребни ни се најсофистицирани алатки. Што се однесува до работниците, потребни ни се повеќе трактористи, потребни ни се и машинисти, некаде од 5 до 10 работници и ако ги имаме, ќе ја олеснивме работата. Сепак, не е само тоа пречка, имаме и пречки од општините, како што реков, со урбанистичките планови, ние самите, со овој статус што го имаме, се чувствуваме несигурни, ќе кажете во кој аспект, не се чувствуваме сигурни затоа што имаме бизнис што е краткорочно, без оглед на договорот за земјиштето што го имаме, ние сме со краткорочни деловни активности, немаме доживотна деловна активност, а кога сте краткорочни, не сте сигурни, ние не можеме да инвестираме, бидејќи ни недостасува систем на наводнување, лозарство, јаболка, овошје, сè, сето тоа затоа што ние ја немаме нашата земја, кога ја немате вашата земја, кога ќе дојде друга влада може да каже дека ќе го продавам ова земјиште и ние тогаш ќе останеме без ништо, всушност сите тие инвестиции и работа што сме ги направиле овие 20 години, ќе бидеме принудни да ја фрлиме целата машинерија и за кратко време ќе остануваат без деловни активности, затоа што имаме работа со бизнис што не е долгорочен“ – вели Сулејмани.

Министерот Хоџа со објаснување на законот

„Причината зошто излегов на терен, се сретнав со земјоделци минатата недела, дојдов овде кај вас денеска, ќе продолжам и во наредните недели, е да разговарам со земјоделците за законот, исто така причина се и тие кои го коментарат законот а немаат никаква врска и не се занимаваат со земјоделството. Идејата на законот како закон, како целина, е да се стави во функција на развој, вие самите спомнавте дека пред 20 години требаше многу работна сила, додека сега се разви технологијата и нормално и механизацијата, и сето ова влијае на корекција и подобрување и треба да се биде во тренд со времето за да се успешен во работа, а во спротивно тоа е невозможо. Сите оние кои имаат договори за закуп, како што е и вашиот случај, ќе имаат приоритет доколку законот биде одобрен, а јас верувам дека ќе биде одобрен, затоа јас сум на терен, да разјаснам кој ќе има приоритет да го купи земјиште што го имаа под закуп. Не мора целата земја, бидејќи навистина кога ќе ја поставувате цената за 750 хектари, колку што имате вие, со просечна цена е премногу скапо, и тоа е причината треба да знаат и другите земјоделци дека не толку лесно,  дури и големите не можат да купат земјиштето, затоа што доколку имате капацитет од 3,5 милиони евра да инвестирате негде, нема да ви е потребно да купувате земјоделско земјиште. Но каде е идејата? Еве, како што кажавте и вие, во моментот со постојниот закон, општината може да го смени урбанистичкиот план и ние немаме како да го спречиме тоа … Доколку вие го купите земјиштето, тој дел што мислите дека општините ќе можат да го вклучат во урбанистички план, нема да можаат да го урбанизират, заради тоа што земјиштето е ваше и ќе го користите и понатаму за земјоделски цели, тоа е една предност. Другата предност е што за ова големо земјиште се потребни инвестиции, за да ги имате производите што е можно поблиску, да не се движите со километри и ќе може да инвестирате во смисла на објекти, се разбира доколку имате идеи за понатамошен развој на бизнисот,  исто така, како што кажавте сега со новите технологии, ако ви е потребо ќе можете и кредити да земате и банките ќе ве супортираат, знаете дека банката не ви дава кредит ако не сте сопственик на земјишето, а свесни се и приватизацијата што ја имате направено, ја имате за закупот, не на земјиштето, земјиштето сè уште продолжува да биде во сопственост на државата, и во овој поглед ќе имате предност, треба само да имате бизнис план и да покажете кои делови на ова земјиште сакате да ги купите и ќе ги купите, исто така ќе имате можност да платите на рати, да не ја наплаќаш еднократно, дури предност ќе имаш и за количината, ќе можеш да купиш 100 хектари, 50 хектари, или уште помалку, во овој поглед се обидуваме да бидеме флексибилни, за да не бидат оптеретени премногу земјоделците и вие како комбинати што сте, исто таки и другите земјоделци, да не им пречиме во нивниот развој. Ние како држава очекуваме од вкупната продажба на земјиштето да инкасираме директно некаде од 350 до 500 милиони евра. Но, кога ќе анализирате колку инвестиции ќе направите во таа земја, бидејќи поинаку е кога земјштето е твое, во рок од три години ќе достигне над 2 милијарди евра, или директно или индиректно во земјоделството, ова се многу од пари, ова е 50% од годишниот државен буџет, а исто така и многу нови вработувања, тука беше идејата. Нормално дека забелешки ќе има, законот го подготвија внатрешни и странски експерти заедно со ФАО, земени се примери од странство, но секоја практика е различна, а идејата за средбите што ги имам со земјоделците е да слушам каде се оние грешки и забелешки што потоа да можеме да ги исправиме бидејќи имаме време, односно сè уште сме во фаза на изготвување и примање предлози“ – објасни Хоџа.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:вработувањаевраземјамилијардамилионинацрт
Претходен напис Од 79-тата седница на Владата: Се укинува забраната за движење; Донесена одлука за финансиска поддршка на превозниците на патници во меѓународниот сообраќај…
Следен напис Времето денеска сончево и потопло
1 коментар 1 коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?