Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Георгиевски: Исплатени околу 750 милиони денари по повеќе основи кон различни категории земјоделци, грижата за сите продолжува
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Георгиевски: Исплатени околу 750 милиони денари по повеќе основи кон различни категории земјоделци, грижата за сите продолжува
Агровести

(ВИДЕО) Георгиевски: Исплатени околу 750 милиони денари по повеќе основи кон различни категории земјоделци, грижата за сите продолжува

Објавено 26/12/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Почитувани,
Изминатава недела ја заокружуваме со големи активности во земјоделскиот сектор.Го подмладуваме човечкиот капацитет во земјоделството. На 50 млади луѓе од сите региони на државата им беа доделени договори за финансиска поддршка во форма на грантови за започнување со земјоделска дејност. Од нив, 22 се жени. 
Овие млади лица ќе имаат можност да ги спроведат деловните планови со кои аплицирале на јавниот повик и да инвестираат во опрема за преработка, пост- бербени активности и земјоделска механизација. Би сакал да им честитам и да им посакам многу успех. Владата предводена од СДСМ е силно посветена на развојот на младите во руралните средини. Ваквиот тип на поддршка, продолжува и во новата 2022 година.
За нашата посветеност, говори реализацијата на мерките за финансиска поддршка во земјоделството.Само во изминатата недела по повеќе основи беа исплатени околу 750 милиони денари и тоа:
На сметките на околу 6.500 млекопроизводители се исплатени над  220.000.000 денари како дополнителни плаќања од 3.5 денари / литар за предадено кравјо млеко, односно 4.5 денари / литар за предадено овчо и козјо млеко.
На сметките на 7689 лица исплатени се 84.4 милиони денари за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности.
63.6 милиони денарисе исплатени за предадени јагниња во кланичен капацитет.
8.5 милиони денари се исплатени на сметките на сите живинари кои имаат пријавено бројлери во кланични капацитети за периодот од мај 2019 – септември 2020 година.
Исплатена е поддршката за саден и семенски материјал и тоа – 39.3 милиони денари за произведен лозов и овошен саден материјал и 35.3 милиони денари за произведен сертифициран семенски материјал.
27.2 милиони денари се исплатени за субјектите кои пријавиле дека имаат одгледани и продадени амортизирани несилки.
Владата продолжува со својата заложба за развој на органското производство. 778 сертифицирани органски производители ги добиваат заслужените субвенции во вкупна висина од 113 милиони денари.
На 7674 фармери и пчелари кои ги зголемиле своите основни стада, односно пчелни семејства се исплатени 39 милиони денари.
Сточарите кои задржале женско јаре / јагне се исплатени во износ од 1.6 милиони денари.
Ова е темпото со кое се работи во интерес на земјоделците.
Почитувани лозари, овоштари и оризари, наспроти сите лаги и шпекулации од кујните на опозицијата, изминатава недела се донесе уште една важна работа. Набрзо пристигнува и ветената поддршка од пакетот мерки за ублажување на последиците од КОВИД кризата. Изминатата недела, пратениците од парламентарното мнозинство го изгласаа Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од пандемијата со КОВИД-19 врз производството и откупот на земјоделски производи.
Без ни да се потрудат да го сокријат лицемерието, пратениците на ВМРО ДПМНЕ и опозицијата, не гласаа за донесувањето на овој закон. Земјоделци, имајте го ова на ум следен пат кога ќе се обидат да ве изманипулираат.
2021 година ја бележиме како година со најсилна динамика во реализација на програмските мерки. Како последен прес за земјоделството во оваа 2021 година, од мое име, од името на сите членови на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ, ви посакувам уште поуспешна, просперитетна и плодна нова година.

-Прес-конференција на СДСМ, Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ

Може да ви се допадне

Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Таг:земјоделциИпардсубвенциитутун
Претходен напис Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе предложат законски измени за стопирање на увоз на тутун додека не се продаде домашниот
Следен напис Времето денеска облачно со повремени локални врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?