Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе предложат законски измени за стопирање на увоз на тутун додека не се продаде домашниот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе предложат законски измени за стопирање на увоз на тутун додека не се продаде домашниот
Агровести

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе предложат законски измени за стопирање на увоз на тутун додека не се продаде домашниот

Објавено 26/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Градоначалниците од регионите во кои се одгледува тутун и е една од поглавните егзистенцијални гранки во општините, денес се собраа на координативна средба на која се разгледуваше ниската цена на тутунот и една од главните теми беше изнаоѓање решенија за повисоки откупни цени.

Градоначалникот на општина Могила, Драганчо Саботковски, рече дека причина за оваа регионална средба е токму ниската откупна цена и еден од заклучоците кои ги донеле на тој координативен состанок бил да се достават барања до Државниот земјоделски инспекторат да излезе на терен се со цел реална проценка на тутунот.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески ја поздрави оваа средба и најави дека ќе има почести вакви комуникации и контакти со здруженијата на тутунопроизводителите, каде што секојдневно ќе можат да им реферираат за класата и цената со која се настапува а се со интерес правилно да бидат проценети класите.

Еден од заклучоците беше и преку нашите пратеници од регионот секој да се погрижи на наредната собраниска седница да се издејствува, да се иницира измени во Законот за откуп на тутун со тоа што би се забранил увозот на тутун, се до оној момент додека не се откупи и последното ливче од нашиот домашен тутун.

Со тоа би го заштедиле и домашниот тутун, но воедно и секој нареден од тутунопроизводител би вложил и во иднина, со идна реколта да се погрижи да допринесе за своето семејство и би се намалило иселувањето на младите од нашата земја, рече Јовчески.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:градоначалницидпмнеизменисубвенциитутун
Претходен напис Средствата за помош на производителите на ориз, јаболка и грозје ќе бидат исплатени деновиве, пред крајот на годинава
Следен напис (ВИДЕО) Георгиевски: Исплатени околу 750 милиони денари по повеќе основи кон различни категории земјоделци, грижата за сите продолжува
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?