Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео) Езеро во Аргентина станало розево поради преголемо загадување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (Видео) Езеро во Аргентина станало розево поради преголемо загадување
Магазин

(Видео) Езеро во Аргентина станало розево поради преголемо загадување

Објавено 28/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Лагуна во јужниот дел на регионот Патагонија во Аргентина станала розева поради големо загадување. Локалните активисти и експерти сметаат дека тоа се должи на хемикалиите кои се користат за чување на школките за извоз, според првичниот извештај на агенцијата France-Presse.

Освен што е розево, како што пренесува Interestingengineering, езерото мириса многу лошо.

Ова се случувало и порано

Бојата на водата доаѓа од содиум сулфитот, антибактериски производ кој го користат фабриките за риби што испуштаат отпад кој ги контаминира водите на блиската реката Чубу, која се влева во лагуната Корфо, велат активистите.

Локалното население веќе долго време се жали на лошиот мирис и на други проблеми со екосистемот поврзани со лагуната и со реката.

„Оние кои треба да водат контрола се тие што го дозволуваат труењето на луѓето“ вели Пабло Лада, активист за заштита на животната средина.

Лагуната станала розева минатата недела и ја задржала таквата боја до неделата. Промената на бојата според експертите е поради присуството на содиум сулфитот во отпадот од рибите, кој треба да се третира пред да се испушти во вода, како што наложуваат локалните закони.

Лагуната не се користи за рекреација и е место каде што се испуштаат отпадните води од индустрискиот парк во Трелу.

Последните неколку недели жителите на градот Росон, кој е блиску до Трелу, ги блокираат патиштата по кои камиони го превезуваат процесираниот отпад. Како што велат, десетици камиони со отпад поминуваат дневно по нивните улици.

„Бојата не предизвикува штета и ќе исчезне за неколку дена“, вели Хуан Миклауд, шеф на контролата на животната средина на провинцијата Чубат.

https://www.youtube.com/watch?v=KIhugzRpndI

Извор: interestingengineering.com

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:аргентинаезерозагадување
Претходен напис Се формира ЈУ за управување и заштита на Националниот парк Шар Планина
Следен напис ДИЖС: Извршен надзор над депонијата во Росоман, изречени казни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?