Еруптираше вулканот Ла Соуфриере на карипскиот остров Свети Винцент откако властите вчера прогласија црвен аларм и издадоа наредба за евакуација на населението.
Премиерот Ралф Гонсалвес вчера издаде нареба откако се забележани повеќедневни зголемувања на сеизмичките активности.
Ерусила Џозеф, директор на Сеизмичкиот центар, рече дека столбот од чад и пепел се искачил дури 10 километри.
Националната организација за управување со вонредни ситуации објави на Твитер дека постои значајна можност за катастрофа и ги предупреди жителите да придат спремни. Вчера започна евакуацијата, а жителите се преместуваат на крузери и околни острови.
„Околу 16.000 луѓе живеат во црвената зона и треба да бидат евакуирани“, рекол Џозеф за АП.
Извор: Канал 5