Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Намалена откупната цена на пролетната зелка во Струмичко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Намалена откупната цена на пролетната зелка во Струмичко
Агровести

Намалена откупната цена на пролетната зелка во Струмичко

Објавено 09/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупната цена на пролетната зелка во Струмичко се намали за 5 денари за килограм и наместо за 30, колку што се плаќаше за неа до завчера, се откупува за 25 денари. Намалувањето на откупната цена го потврдија и производителите и трговците. За првите доколку нема нови падови на цената, тогаш и со оваа можат да бидат задоволни. За трговците намалената цена на пролетната зелка се должи на зголемената понуда и екот на бербата на оваа градинарска култура, но и на нелојалната конкуренција од одредени трговци, кои ја нудат зелката за пониска цена на купувачите во странство. Пред четири дена трговците се жалеа дека студениот бран ја пролонгира испораката на ран зеленчук, но со затоплувањето почна интензивната берба.

-Вчера и денес има голема понуда на пролетна зелка на откупните пунктови. Сега е моментот кога понудата е поголема од побарувачката и затоа дојде до намалување на откупната цена. Како и секоја година, и оваа, зелката стасува во средината на април и тоа е случај кај сите производители. Наместо да има одредена динамика на стасување за берба, може да се случи за 10-15 дена повторно да нема понуда од ова градинарска култура, смета трговецот Блажо Витанов од компанијата „Империјал фруит“.

По почетните скромни од 100 до 150 тони, деновиве од Струмичко се извезуваат меѓу 1500 и 2000 тони пролетна зелка, која претежно се пласираа на пазарите во Србија, Хрватска, Романија и Украина.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:струмичко
Претходен напис (Видео) Еруптираше вулкан на Карибите, во тек е итна евакуација
Следен напис Земјоделците и сточарите од Свети Николе дозволите за движење ќе ги обезбедуваат преку подрачната единица на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?