Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) „Ер трактор“ вклучен во гаснењето на пожарот кај Визбегово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) „Ер трактор“ вклучен во гаснењето на пожарот кај Визбегово
Агровести

(ВИДЕО) „Ер трактор“ вклучен во гаснењето на пожарот кај Визбегово

Објавено 09/07/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Авион „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување е вклучен во гаснењето на пожарот на дивата депонија кај Визбегово. Покрај поддршка од воздух, во гаснењето интервенираат пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје и возила од „Комунална хигиена“. 

Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарот претставува ризик за проширување кон околните површини, а во близина се наоѓаат и станбени куќи. 

– Укажано му е на градоначалникот на Шуто Оризари доколку се процени дека има потреба да пристапи кон евакуација на населението кое се наоѓа во тој реон, велат од ЦУК.

Пожарот избувна утрово, а во првичната изјава дадена за МИА командатот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески информираше дека интервенираат со четири возила.

Густиот чад од пожарот се гледа од неколку страни на градот, а граѓаните споделуваат слики и видео на социјалните мрежи. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ВизбегововклученгаснењетоЕр трактор
Претходен напис Грашок со пилешко месо
Следен напис (ВИДЕО-ФОТО) Голем пожар во Крива Паланка – градоначалникот бара итна помош
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?