Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Грашок со пилешко месо
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Грашок со пилешко месо
Магазин

Грашок со пилешко месо

Објавено 09/07/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кога сакате да подготвите нешто вкусно, хранливо и брзо, а да го задоволите целото семејство – нема подобар избор од едно старо, добро јадење: грашок со пилешко месо.

Оваа класика од нашата кујна ја има онаа посебна моќ да нè потсети на детството, на мирисот од кујната на баба, на неделните ручеци што се јадеа со лажица… и љубов. 

Комбинацијата од меко пилешко месо, свеж зеленчук и ароматичен сос е едноставна, а сепак полна со вкус. Се готви во едно тенџере, совршено и за почетници и за оние што сакаат “брзо, но домашно”.

Состојки:

  • 400 g грашок
  • 1 поголем кромид
  • 1 морков
  • 2–3 домати
  • 3–4 компири
  • 2 чешниња лук
  • 350 g пилешко месо
  • 5 лажици маслиново масло
  • 1 литар врела вода
  • сол, бибер, црвен пипер
  • 1 лажица брашно (по желба, за згуснување)

 
Подготовка:

Пилешкото месо исечкајте го на мали парчиња. Во длабоко тенџере загрејте го маслото, па додадете го сечканиот кромид. Пржете неколку минути, додадете го лукот и пилешкото месо, и пржете додека месото не побели.

Потоа додадете ги сечканите домати и грашокот. Пржете неколку минути со постојано мешање.
Налејте малку врела вода, зачинете со сол, бибер и црвен пипер и оставете да се динста околу 20 минути. Додавајте вода по потреба.

Потоа додадете ги компирите исечкани на коцки, по желба додадете уште зачини и варете додека сè не омекне.

На крај, ако сакате погуста структура, додадете 1 лажица брашно и добро промешајте. Варете уште неколку минути.

Послужете топло. 

МИА

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:грашокпилешко месо
Претходен напис Полицискиот хеликоптер утринава фрли 30 тони вода врз пожарот во Дојран
Следен напис (ВИДЕО) „Ер трактор“ вклучен во гаснењето на пожарот кај Визбегово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?