Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Домашните агро-производители ќе ги нудат своите производи на македонските интернет-продавници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Домашните агро-производители ќе ги нудат своите производи на македонските интернет-продавници
Агровести

(ВИДЕО) Домашните агро-производители ќе ги нудат своите производи на македонските интернет-продавници

Објавено 01/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Петнаесет македонски агро-производители бесплатно ги усовршија своите дигитални вештини и веќе се во процес на пласирање на нивните производи на македонските платформи за интернет купување во рамки на проектот „Agri E-commerce”, што го спроведува Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Целта на проектот е да одговори на потребите што доаѓаат од веб-платформите за е-трговија за продажба на локално одгледувани агро-производи (свежи или преработени) од една страна, а од друга, да им помогне на локалните агро-производители да ги продаваат своите производи надвор од својата област на живеење – преку Интернет.

– КОВИД пандемијата ја забрза дигитализацијата на македонскиот пазар. Сите засегнати во производството и трговијата мора да ги следат новите правила што ги налагаат ситуацијата и пазарот. Нашиот фокус е да бидеме присутни на онлајн платформите на македонскиот пазар, а во некои идни планови и на европскиот пазар, изјави Блаже Миневски од винаријата „Бади”.

Во рамки на проектот, агро-производителите поминаа низ четири различни обуки за зајакнување на дигиталните вештини меѓу кои: учење на основите, можностите и регулативите во е-трговијата, практични примери и совети поврзани со маркетинг на социјалните медиуми, запознавање со алатките за дигитален маркетинг за е-трговија и запознавање со условите за онлајн продажба кај различни е-трговци.

Софија Шутова од агро-бизнисот „Сид оф лајф” што е дел од учесниците на овој проект, вели дека обуките донеле големи придобивки во нивното работење.

– Обуките беа пред сè многу практични и интерактивни. Предавачите имаа големо искуство во областа на онлајн продажбата и маркетингот, па можевме директно да поставуваме прашања и да учиме од нив. Конкретно мене најмногу ми користеа споделените алатки за креирање на привлечни содржини на социјалните медиуми и советите за креирање маркетинг стратегија, рече Шутова.

Во моментов проектот се наоѓа во последната фаза, каде што агро-производителите одржуваат состаноци со е-трговците од најпознатите македонски веб платформи за е-трговија и договараат детали за пласирање на нивните производи.

– Веќе почнавме со примена на некои од насоките за уште поуспешно водење на нашиот бизнис, благодарение на кои ги бележиме и првите резултати во форма на подобрена комуникација на социјалните медиуми – додава Маја Чубриќ од охридскита агри-компанија „Трек Ми”.

Производите од агро-производителите кои се дел од програмата „Agri E-commerce” и кои наскоро ќе бидат достапни на дел од најпознатите веб платформи за е-трговија, можат да се погледнат на следното видео:

Проектот „Agri E-commerce” е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:„Agri E-commerce"
Претходен напис Вицегувернерката Митреска: Курсот на денарот е стабилен, девизните резерви високи
Следен напис Временските услови неповолни за пчеларството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?