Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) bТВ: Евтиното македонско јагнешко месо ги загрозува одгледувачите на овци во Бугарија?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) bТВ: Евтиното македонско јагнешко месо ги загрозува одгледувачите на овци во Бугарија?
Агровести

(ВИДЕО) bТВ: Евтиното македонско јагнешко месо ги загрозува одгледувачите на овци во Бугарија?

Последна измена: 04/04/2022 11:20
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Бизнисот на одгледувачите на овци во Бугарија е загрозен од евтиното јагнешко месо на бугарскиот пазар увезено од Северна Македонија, јави софиската телевизија бТВ.

Телевизијата посочува дека бугарски сточари наведуваат дека причина за поевтиното јагнешко месо од земјава е тоа што македонските производители добиваат високи субвенции од државата.

Одгледувачите на овци во Бугарија посочуваат дека цената по која тие го продаваат јагнешкото месо достигнува до 18 лева (9 евра), додека во трговската мрежа тоа се продава за околу 20 лева (10 евра).

Јанка Попова, кој со овчарство се занимава од 2008 година и одгледува околу 1.000 овци, за бТВ вели дека состојбата во Бугарија е таква затоа што бугарските сточари немаат доволна поддршка од државата за произведеното јагнешко месо или млеко.

– За овие 14 години колку што сме во Европската Унија, се доведовме во ситуација производството да го направиме зависно само од субвенции. Во моментов државните субвенции се такви што не можат да ги покријат трошоците, доколку немате пазар и пазарна реализација на вашата стока, вели Попова, додавајќи дека на зголемувањето на трошоците влијае растот на цените на струјата и на сточната храна.

Според неа, цената на сточната храна е двојно зголемена во однос на минатата година и ако лани се продавала по 32 центи сега е 70 центи, поради тоа голем дел од производителите на месо и млеко не можат да продолжат со работа.

МИА

Може да ви се допадне

Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран
Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања
Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго
Влада: Исплатени субвенции на над 70.000 земјоделци во вредност од над девет милијарди денари
Таг:бугаријајагне
Претходен напис Добиточна храна: Најголема европска фарма за одгледување инсекти во Полска
Следен напис Дел од реките со зголемен водостој во однос на априлскиот просек
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?