Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Бачовски: Лозарите традиционално пред Свети Трифун ќе ги добијат субвенциите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > (ВИДЕО) Бачовски: Лозарите традиционално пред Свети Трифун ќе ги добијат субвенциите
Субвенции

(ВИДЕО) Бачовски: Лозарите традиционално пред Свети Трифун ќе ги добијат субвенциите

Објавено 20/01/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, при денешната посета на компанијата „Вардарец“ во валандовско Удово, заедно со министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, информираше дека се изготвуваат решенијата за субвенциите за лозарство.

– Со оглед на динамиката на изготвување на решенијата, лозарите традиционално субвенциите ќе ги добијат пред празникот Свети Трифун или за околу 20 дена – изјави Бачовски.

Тој потсети и дека во тек се подготовките за ИПАРД 3 програмата која нуди одлична можност за инвестирање во повеќе земјоделски гранки како и рурален туризам.

Посетата на компанијата „Вардарец“ и пораката која се испрати од страна на институциите од агросекторот е мотив за поголема искористеност на ИПАРД средствата. Ова особено го потенцираше министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Максималната искористеност на ИПАРД Програмите, ќе биде нашиот приоритет во следните две и пол години, посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, при денешната посета на компанијата „Вардарец“ во валандовско Удово, којашто е еден од успешните кориснице на мерките од ИПАРД 2.

Министерот Николовски, посочи дека во февруари се очекува Европската комисија да ја усвои новата ИПАРД 3 Програма 2021-2027 за нашата држава и откако ќе бидат завршени административните процедури, ќе биде објавен првиот јавен повик од ИПАРД 3.

„ Денеска сме лидери во регионот во искористеност на ИПАРД програмите и нашето знаење ќе го пренесуваме на останатите земји. Ова ќе биде фокусот на политикте во следните две и пол години, максимална искористеност на сите европски средства и нивно вградување во македонскиот агросектор, создавање поволни услови за македонското земјоделство, што повеќе корисници што ќе ги користат овие мерки, што повеќе средства коишто ќе бидат искористени и да продолжиме со успешните политики, да продолжиме да бидеме лидери по искористеност и ИПАРД. Денеска сме во посета на компанијата „Вардарец“ којашто е домашна компанија и пример како од нула може да се искористат европските фондови коишто значат дополнителна вредност за македонската економија, за целокупниот сектор, за нови работни места“, изјави министерот Николовски.

На посетата на компанијата присусутвуваа директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, градоналачникот на Валандово Перо Костадинов и основачот на компанијата, Лазар Кавазов.

Директорот на Платежната агенција Бачовски, посочи дека преку  Агенцијата на компанијата и се исплатени 300 илјади евра за инвестиции во изградба на објектот, набавка на опрема за преработка на млекото и за преработка на млечните производи и усовршување на стандардите на ХАСАП системот.

„ИПАРД 2 програмата функционира досега перфектно, доаѓаме во една фаза во која го носиме приматот на лидери на Западен Балкан, каде што останатите држави допираат до нас за да ги искоритат нашите искуства и знаење, работиме и натаму на носење на програмата ИПАРД 3. ИПАРД Програмата е широка, која што нуди поддршка, и за капацитетите за преработка на млеко, на вино, откупни центри, кланици и останати капацитети кои што нудат преработка, но и капацитетит кои што го развиваат руралниот туризам, следствно на тоа се развиваат руралните средини при што директно се влијае на развој на урбаните и на руралните средини“, изјави директорот Бачовски.

Градоначалникот на Валандово Костадинов изјави дека ваквите инвестиции значат сериозен развој и за региотн.

„На нас како локална самоуправа ни е многу значајно што на оваа индустриска зона се полнат парцелите со нови инвеститори, но исто така се покажува и спрегата и партнерскиот однос на државата, приватниот сектор и локалната заедница. Семејството Кавазови, млекара Вардарец е многу битен економски субјект за Валандово, посебно начинот на кој што компанијата се развива, односот кој што го има со кооперантите како и со своите клиенити, и со локалната наша заедница“, рече градоначалникот Костадинов.

Основачот на компанијата Кавазов изјави дека оваа компанија постои и успешно работи 25 години со производство на млеко и преработка на млечни производи, а благодарение на ИПАРД инвестирале во модернизација на производството.

Министерот Николовски посочи дека во преидот од 2017 до 2019 година се стави силен акцент на искористувањето на европските фондови, се олеснија процедурите за аплицирање за мерките, се скрати времето за потшиување на договорите од 12 на 6 месеци што придонесе за зголемена искористеност на ИПАРД програмите.Вкупно за период 2017 – 2019 година исплатени се околу 20 милиони евра за 1.198 корисници, а од 2017 заклучно со 2021 година преку ИПАРД Програмата се исплатени близу 35 милиони евра  за 2.098 корисници.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Нов агроцентар во Гази Баба вреден над 50 милиони евра – нова надеж за македонските земјоделци!
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Таг:земјоделциИпардсубвенции
Претходен напис Министерот Николовски денеска ја посети компанијата „Вардарец“во валандовско Удово, успешен корисник на ИПАРД
Следен напис (ВИДЕО) Николовски: Наскоро очекуваме да се усвои новата ИПАРД 3 програма и да го објавиме првиот јавен повик, интересот е огромен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?