Продолжуваме со теренски средби со сите земјоделци и агробизнисмени. Денеска ја посетивме компанијата за производство и преработка на млечни производи „Вардарец“ во валандовско Удово, којашто е успешен пример за искористеност на ИПАРД програмите за инвестиции во производството. Максималната искористеност на ИПАРД програмите останува во фокусот на нашите политики.

Во периодот 2017-2019 година ставивме силен акцент за мотивирање и зголемување на корисниците на европската ИПАРД:
Се олеснија административните процедури за конкурирање за мерките
Се скрати времето за склучување договори од 12 на 6 месеци
Од 2017 до 2019 се исплатија 20 милиони евра на 1.198 корисници
Од 2017 до 2021 се исплатија 35 милиони евра на 2.098 корисници
Северна Македонија ќе продoлжи да биде лидер во искористеноста на ИПАРД, тоа е влог во развојот на земјоделството и економијата.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство


