Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Бачовски: Средствата од ИПАРД 2 се целосно искористени и токму затоа во следниот период во ИПАРД 3 ќе имаме уште поголем буџет
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Бачовски: Средствата од ИПАРД 2 се целосно искористени и токму затоа во следниот период во ИПАРД 3 ќе имаме уште поголем буџет
АгровестиФондови

(ВИДЕО) Бачовски: Средствата од ИПАРД 2 се целосно искористени и токму затоа во следниот период во ИПАРД 3 ќе имаме уште поголем буџет

Објавено 01/05/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, вели дека земјоделсците се најмногу заинтересирани за средствата од ИПАРД за набавка на земјоделска механизација, системи за наводнување, земјоделска опрема и пчеларство.

„Од тие 2360 договори што се склучени, над 1000 се сигурно во делот на земјоделската механизација, пред се заради тоа што во таа мерка како корисници можат да се јават и физички лица. Во делот за мерката каде што поддржуваме преработка на земјоделски производи, сепак се јавуваат само правни лица, односно тоа се преработувачки капацитети кои во помал обем се јавуваат како апликанти, но нивните инвестиции се поголеми во вкупната сума што ја издвојуваме.“, вели Бачовски.

Бачовски потврдува дека Македонија е лидер на Балканот за користење на ИПАРД фондовите.

„Добро оди работата со ИПАРД 2, средствата се целосно искористени и токму затоа во следниот период во ИПАРД 3 ќе имаме уште поголем буџет, односно 97 милиони евра кои ќе бидат ставени на располагање оваа година преку објавување повици за ИПАРД 3.“

Дека средствата од ИПАРД се достапни за секој кој има добар проект, говори и личното искуство на Александар Крстевски – земјоделец кој е успешен корисник на мерката за инвестиции во модернизација на земјоделските стопанства, а како тој ги искористил средствата од ИПАРД фондовите, можете да погледнете во видеото.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ИПАРД 2ипард 3Никица Бачовски
Претходен напис Жители на Ресава и Дабниште го чистеа Дабнишки канал од кој се наводнуваат нивите
Следен напис Времето денеска претежно облачно, кон крајот на денот врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?