Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Младиот Ердоан Џафери ги здружува земјоделците од неговото село во задруга: Ќе имаат 90% субвенционирана механизација и сигурен пласман на јагодите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > (ВИДЕО) Младиот Ердоан Џафери ги здружува земјоделците од неговото село во задруга: Ќе имаат 90% субвенционирана механизација и сигурен пласман на јагодите
Агровест

(ВИДЕО) Младиот Ердоан Џафери ги здружува земјоделците од неговото село во задруга: Ќе имаат 90% субвенционирана механизација и сигурен пласман на јагодите

Објавено 03/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во скопското село Света Петка, 95% од жителите се занимаваат со производство на јагоди. Квалитетот е одличен, но пласманот е стихиен и несигурен, и тоа е нивниот најголем проблем.

Решението за нив, како и за сите земјоделци, треба да е во здружувањето и заедничкото делување. Ова особено важи за младите и образовани земјоделски производители, кои треба да им помогнат на другите земјоделци преку следење на новите модерни текови, како во производството, така и во пласманот. На тој начин помошта ќе биде за целото село.

Екипата на Агротим разговараше со младите земјоделци од ова село за идејата да формираат Земјоделска задруга. Со оглед на тоа што не беа запознаени со постапката за формирање на Задругата, договоривме средба на претставник од селото, младиот Ердо Џафери со Гоце Георгиевски – Раководител на сектор за рурален развој во МЗШВ кој им ја објасни целата постапка на формирање на задругата.

На наше големо задоволство, иницијативата почна да станува реалност и Агротим ќе продолжи да го следи целиот процес на формирање на Задругата на земјоделците од Света Петка. На тој начин ќе покажеме дека е важно да се има вистинска информација и едукација на земјоделските производители за да ги користат мерките на Владата кои се во нивен интерес. Исто така преку примерот на здружувањето на земјоделските производители од Света Петка ќе се види дека формирањето на задруга не е нешто комплицирано и недостижно а придобивките се големи.

Погледнете го видеото и уверете се сами што се е потребно за да формирате задруга и како до земјоделска механизација која 90% е субвенционирана од државата и други предности кои ги нуди овој начин на здржување на земјоделците:

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Претходен напис ЕУ и Гејтс ќе вложат една милијарда долари за борба со климатските промени
Следен напис Врнежите добредојдени за есенската пченица и јачменот, а температурите до 26 степени оптимални за сите видови култури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?