Денеска, во Санкт Петербург во рамки на меѓународниот економски форум (SPIEF 2021), како копретседател на македонскиот дел на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација, остварив средба со заменикот министер за земјоделство на Руската Федерација г. Сергеј Левин.

На средбата ја потврдивме досегашната соработката помеѓу двете држави, а воедно се прецизираше и потребата од продлабочување и зајакнување на соработката во земјоделскиот сектор преку организирање бизнис форум помеѓу компании од двете земји, отворање откупни центри во повеќе региони и соработка помеѓу инспекциските служби за полесен извоз на македонски производи во Руската Федерација.
