Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ветеринарите се собраа пред АХВ, бараат средба со директорот Бабовски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ветеринарите се собраа пред АХВ, бараат средба со директорот Бабовски
Агровести

Ветеринарите се собраа пред АХВ, бараат средба со директорот Бабовски

Објавено 05/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претставници на Ветеринарната комора и на ветеринарни друштва од земјава по денешниот состанок за состојбите во секторот се упатија кон Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) каде, како што најавуваат, директно ќе ги соопштат своите барања.

Ветеринарите претходно предупредија дека ситуацијата е алармантна и дека ако Владата не преземе итни мерки доведен ќе биде во прашање нивниот опстанок. Тие бараат усвојување на методологијата за формирање цени која е веќе утврдена, итно зголемување за 30 отсто на сите цени за превентивните ветеринарни услуги кои се на товар на државниот буџет, како и 50 отсто кофинансирање на вакцинацијата против болеста ентеротоксемија кај овци и кози.

-Директорот на АХВ бил спречен да дојде на нашиот денешен состанок. Затоа, ние се упативме кај него, а имаме три конкретни барања: усвојување на методологијата за формирање цени која е веќе утврдена од работната група со претставници на АХВ, МЗШВ и Ветеринарната комора, итно зголемување за 30 отсто на сите цени за превентивните ветеринарни услуги кои се на товар на државниот буџет, како и 50 отсто кофинансирање на вакцинацијата против ентеротоксемија кај овци и кози која засега е на товар на сопствениците на грлата, изјави за МИА извршниот директор на Комората, Томислав Николовски.

Како што истакнува Николовски, ветеринарите ќе го причекаат Бабовски, но ако тој не се појави во догледно време, најверојатно ќе замнинат пред МЗШВ.

Ветеринарната комора во повеќе наврати досега предупредуваше дека секторот е пред колапс и дека опстанокот на ветеринарните друштва е доведен во прашање што може да има несогледиви импликации врз сточарството, како и врз справувањето со актуелните и идни здравствени предизвици. Комората реагираше и со допис до премиерот и до министерот за земјоделство.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ахвВетеринари
Претходен напис На Европа ѝ претстојат уште три сушни месеци
Следен напис Денеска сончево со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?