Следните дваесетина дена се клучни за опстанок на плодовите оваа година. Овошките ќе цветаат подоцна во однос на минатата година, но сè уште може да има штета од мразови.
Минатата година беше невообичаено топла, со повисоки зимски температури, кои предизвикаа порано започнување на вегетацијата. Во ова време минатата сезона крушите, зависно од сортата, беа во полна фаза или на почеток на цветање, а сливите ги имаа првите главни цветови. Низ исти периоди минуваа и повеќето сорти на праски.
Времето ја забави вегетацијата
Доцните пролетни мразови на почетокот и средината на април минатата година го уништија родот кај повеќето сорти на коскесто овошје, особено праски, кајсии и сливи.
Во тековнава година, топлиот февруари доведе до почеток на вегетација и постоеше реална опасност да дојде до истото сценарио, како и во 2020 година. Меѓутоа, студените временски прилики последниве десетина дена, доведоа до забавување на новиот циклус и судејќи по сè, цветањето на повеќето видови ќе биде во исто време, па околу 10 април може да се очекува максимум од оваа фаза.
Како временските прилики ќе се одразат на овошјето?
Сливите, кајсиите и црешите се во период на првите главни цветови, праската е на почеток или во полн цвет, како и кајсијата. Овие два вида се единствени досега, кои имале штета од мразот, особено кајсијата.
Јаболката е во фаза на зелени ливчиња и збиени букети и отворен главен цвет.
Метеоролозите предвидуваат убаво време следните две недели. Ако нема мразови во претстојните месец, родот би можел да опстане, бидејќи малите плодови формирани по цветањето и оплодувањето, се почувствителни на мраз од оние отворените.
Доколку стеблата сега се изрежат, вегетацијата ќе се забрза па сè уште не е доцна да се изврши оваа мерка. Поточно, може да се работи и во фаза на цветање, па и малку подоцна кога се формирани петелките. За неколку дена, може да се изврши прихрана на стеблото со бор, цинк, фосфор и калиум, кои се неопходни за добро оплодување.
При крај на цветањето е потребен азот.
Во случај приносот да опстане, при крај на цветањето или веднаш по него, додадете ѓубрива со повеќе азот, за растенијата да можат да го одржат родот. Сега е доцна за бакарни препарати, дури и во повисоките предели, бидејќи можат да ги оштетат пупките. Ако биде најавен мраз, палењето на гранки и бали сено или слама, сепак нема да даде добри резултати доколку температурите се под -2 степени подолг период.
Прскајте ги стеблата после мразот
Овоштарите кои немаат состави за оросување, најдобро е да ги прскаат стеблата со аминокиселини, барем шест часа пред појава на мраз и да ги наводнуваат овошките ден порано пред да се појави, за да дојде до мешање на топлината од водата која навечер ја испушта почвата со студен воздух кој се спушта од височина.
Извор: agroklub.com
