Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион
Агровести

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион

Објавено 25/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Околу 1.000 до 1.100 хектари засадени главно со тутун, но и со сончоглед, пченка и пиперки, се уништени од вчерашното силно невреме кое во попладневните часови го зафати долненскиот регион. Градот со големина на орев и силниот ветер на некои места родот го уништил и до 100 проценти. Земјоделците стравуваат дека приносите значително ќе им бидат намалени, а ќе претрпат и финансиска штета бидејќи на најголемиот дел од нив производството не им е осигурено.

„Состојбата е катастрофална. Значи, сега само што пристигнав од терен. Бев во посета на атарите на Дебреште, Ропотово, Заполжани, Лажани, Новоселани, а најкатастрофално е во Новоселани и Заполжани… Има тутуни кај што се оштетени 100%, значи не можат да влезат. Од градот има поплавени површини, полегнато тутуни, така што навистина е загрижувачка состојбата таму од невремето што е направено вчера“, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Заради сè почестите катастрофални невремиња, од Сојузот велат дека ќе бараат итно да се врати можноста при склучувањето договори за откуп да се склучуваат и осигурителни договори.

„Ќе бараме сега, на првиот состанок во Министерството за земјоделие да го вратиме стариот закон – при самото склучување на договорите за тутун да бидат склучени и договорите за осигурување во осигурителните компании. Така што, со тоа за дел од загубата што ќе ја имаат, да бидат обесштетени“, објаснува Ристески.

Освен во Долненско, вчерашното невреме значителни штети направи и во атарите на прилепските села Мало и Големо Коњари. Од Сојузот им сугерираат на сите оштетени земјоделци – штетите да ги пријавуваат во своите општини. Но, сепак, според нив, најдобра мерка за во иднина ќе биде – осигурувањето на родот, бидејќи не постои друг механизам за заштита од силните, уништувачки невремиња. Враќањето на некогашните градобијни ракети повеќе е невозможно заради бројните авионски прелети на нашето небо, но сè уште може да се помогне со превентивно авионско распрскување на облаците кои носат град, а кое како можност беше воведено пред неколку години, потенцираат од Сојузот.

Извор – Алфа

Може да ви се допадне

Серафимовски: Договорените услови за откуп на пиперката мора доследно да се почитуваат
Серафимовски: Кога земјоделците имаат проблем, моето место е меѓу нив!
Исплатени 85 784 580 денари СУБВЕНЦИИ на 1159 одгледувачи на КОЗИ
Редовно усогласување на пензиите во согласност со законот, сè уште траат пресметките
(ВИДЕО) Започна протестот на градинарите од струмичко, бараат повисока цена на ајварката
Таг:граддолненисојузтутун
Претходен напис Серафимовски: Договорените услови за откуп на пиперката мора доследно да се почитуваат
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?