Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Важно за млекопроизводителите: Побрзајте со аплицирање за субвенции, рокот привршува


Барањата за искористување на финансиската поддршка млекопроизводителите може да ги поднесат електронски најдоцна до 5 ноември 2019 година. Висината на поддршката за произведено и предадено овчо и козјо млеко изнесува 4,5 денари по литар, додека за кравјото млеко поддршката е 3,5 денари по литар произведено и предадено млеко на преработувачки капацитети.

До 5 ноември е рокот и за поднесување на барања за субвенции за амортизирани несилки заклани во регистриран кланични капацитети во период мај – септември 2019 година. Висината на поддршката за оваа мерка е 125 денари за заклани и предадени несилки во регистрирани капацитети.

Сите кои имаат произведено и предадено млеко од мај до септември оваа година или во истиот период имаат одгледани и заклани несилки, од денеска до 5 ноември ќе може своите барања да ги достават со најавување на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk на полето „Директни плаќања-е барање“. Откако ќе пристапат во системот, ќе може да го креираат електронското барање.

Оние фармери кои не можат сами да креираат е- барање или имаат потреба од помош за креирање на барањата може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или во Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството.

Окт 27, 2019agrotim1
Еве што треба да направат сточарите за да добијат 400 денари дополнителна мерка за предадено јагнеСледната година замрзнатата малина ќе има повисока цена

Напишете коментар Откажи одговор

27/10/2019 Агровест, Субвенцииагенција, аплицирање, млекарница, млеко, потврда, субвенции175

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019