
По предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата одлучи да воведе нова дополнителна подмерка за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет во висина од 400 денари за грло.
Корисници на оваа дополнителна мерка се земјоделските стопанства одгледувачи на овци кои кои имаат предадено јагне во регистрирани кланични капацитети во период од 01 јануари 2019 година до 30 јуни 2019 година.
Мерката веќе се објави во Службен весник и може сточарите кои имаат предадено јагне во кланични капацитети да поднесат барање за оваа дополнителна мерка.

Сточарите треба да аплицираат во подрачните министерства за земјоделство во општината во која живеат, или сами да аплицираат електронски.
Краен рок ќе биде до 15.12.2019 година.
Од документи треба да приложат потврда од кланицата каде ги дале јагнињата. Примерокот како изгледа потврдата ќе го објави Платежната агенција на својата веб страна www.ipardpa.gov.mk, а ние ќе ви пренесеме на Агротим.
Повеќе детали и информации во врска со искористувањето на оваа мерка ќе ви пренесеме кога ќе почне пријавувањето, кое се очекува да биде крајот на ноември.