Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вардар се излеа кај Балин Дол, поплави и хаос во неколку региони
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Вардар се излеа кај Балин Дол, поплави и хаос во неколку региони
Агровести

Вардар се излеа кај Балин Дол, поплави и хаос во неколку региони

Објавено 07/01/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот за итни повици 112 и Секторот за операции, континуирано ја следи состојбата по обилните врнежи низ државата. Од ЦУК апелираат до граѓаните, доколку имаат потреба од помош или забележат проблеми, истите веднаш да ги пријават на телефонскиот број 112.

Според пријавите и реализираните интервенции заклучно со 21:00 часот на 7 јануари 2026 година, регистрирани се следните состојби:

На патниот правец Гостивар–Стража се евидентирани одрони, но сообраќајот се одвива редовно, додека на правецот Тетово–Бањиче има одрони покрај коловозот кои го отежнуваат сообраќајот. Кај таканаречениот „Цртан ѕид“ на истиот патен правец регистрирани се свлечишта и одрони, кои се расчистени со багер и патот е соодветно обележан.

Во селото Балин Дол е забележано излевање на реката Вардар, при што се поплавени околу 10 земјоделски парцели и неколку дворови. Поради состојбата, ХЕЦ Маврово го намалило производството на електрична енергија. Во селата Мало Турчане и Горно Бањице се излеале Лукавичка и Сушичка Река, при што е поплавено земјоделско земјиште, а општината не располага со соодветна механизација. Во селото Форино паднато дрво во коритото на Вардар претставува ризик од поплава, поради што екипа со моторна пила е испратена на терен.

Во Битола и околината, во селото Лера е регистрирана поплава кај мостот со можност за проширување кон селото, додека во селото Породин е поплавена живинарска фарма. Во Општина Ресен, во селата Перово, Дремени и Долна Бела Црква, поплавени се дворови и земјоделски земјишта, иако реките не се излеале. Одронот кај селото Сирхан е отстранет.

На подрачјето на Охрид се пријавени поплавени подруми, гаражи и дворови, при што интервенирале јавните претпријатија и локалната самоуправа. Во Кичево, на улицата „Прилепска“, поплавени се повеќе стамбени објекти, а евакуирани се околу 60 лица кои се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. На патниот правец Охрид–Пештани, кај хотелот „Гранит“, регистриран е одрон, но патот е прооден, а расчистувањето на поголемите наноси се очекува во наредните еден до два часа. Во Струга, на правците Татеши–Мислодежда и Дебар–Струга, во тек е расчистување на свлечишта и одрони.

Во Општина Боговиње, поради излевање на вода од канал поврзан со изградбата на автопатот, поплавено е обработливо земјоделско земјиште, при што нема загрозени станбени објекти.

Од ЦУК информираат дека сите надлежни служби се на терен и активно интервенираат за справување со последиците од обилните врнежи, а граѓаните се повикуваат на зголемена внимателност и почитување на официјалните препораки и известувања.

Извор – 24ИНФО

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:вардарпоплави
Претходен напис Врнежите предизвикаа ново свлечиште на патот кон тетовско Бањиче, ЦУК апелира да не се патува преку оваа делница
Следен напис Поплавен патот за Грција кој минува низ битолското село Кравари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?