Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Утврдено законското решение за државната гарантна шема преку Развојната банка, ќе се праќа на усвојување во Собранието
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Утврдено законското решение за државната гарантна шема преку Развојната банка, ќе се праќа на усвојување во Собранието
Агровести

Утврдено законското решение за државната гарантна шема преку Развојната банка, ќе се праќа на усвојување во Собранието

Објавено 02/12/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата, на вчерашната 25-та седница, донесе одлука да го предложи на усвојување во Собранието Предлогот законот за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот во кој се поставени контурите на државната гарантна шема, дел од сетот економски мерки за справување со ефектите од пандемијата КОВИД-19.

Со законското решение, како што појаснуваат од Развојната банка, се предлага дополнување на активностите на Развојната банка на Северна Македонија за реализација на проекти и/или програми на Владата со издавање гаранции од Гарантен фонд. За Гарантниот фонд почетно се предвидени средства во висина од 10 милиони евра од Буџетот на Република Северна Македонија.

Средствата на Гарантниот фонд, во предлогот на законот е предвидено да се користат за издавање гаранции за обезбедување плаќања по основ на главница на новоодобрени кредити за обртни средства до 80 отсто од износот на кредитот и кредити за основни средства до 50 отсто од износот на кредитот, согласно добрите пракси во европските земји. Крајните корисници на гаранциите може да бидат микро, мали и средни трговци, како и големи извозно-ориентирани трговски друштва во кои приходите по основ на извоз имаат учество од најмалку 30 отсто во вкупните остварени приходи во претходната фискална година.

За работењето на Гарантниот фонд, Развојна банка ќе објавува податоци на својата веб страна на квартална основа, а Министерството за финансии на својата веб страна ќе објавува полугодишни извештаи за фискалните ризици на Гарантниот фонд.

Предлог законското решение, пред да влезе во владина постапка беше поставено на јавна дискусија на ЕНЕР. Со усвојувањето на предлогот на законот од страна на Собранието, ќе се создаде законската рамка за отпочнување на државната гарантна шема.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:грантРазвојна банаксобрание
Претходен напис Денови на медот во „Рамстор мол”
Следен напис Предлог-законот за поддршка на лозарството едногласно усвоен на собраниската Комисија за земјоделство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?