Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Предлог-законот за поддршка на лозарството едногласно усвоен на собраниската Комисија за земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Предлог-законот за поддршка на лозарството едногласно усвоен на собраниската Комисија за земјоделство
АгровестиСубвенции

Предлог-законот за поддршка на лозарството едногласно усвоен на собраниската Комисија за земјоделство

Објавено 02/12/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на денешната седница едногласно го поддржа владиниот Предлог-закон за финансиска поддршка на лозарството со 360.000.000 денари од државниот буџет.

Целта на законот кој треба да се донесе по скратена постапка, е да се ублажат последиците од КОВИД-19 врз производството, откупот на грозје и винската индустрија. На седницата едногласно беа усвоени и трите амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.

Поддршката предвидува шест денари за килограм винско грозје со максимум 18 отсто шекерни единици предадено во регистрирани винарници од 15 август 2020 година до 31 октомври 2020 година и наменето за производи од грозје и вински дестилат, два денара за килограм винско грозје предадено кај регистриран откупувач од 15 август до 31 октомври 2020 за производство на вино или за извоз на винско грозје, 30 проценти поддршка за транспортни трошоци за извезено вино во шишиња од 1 јануари до 31 октомври 2020, 20 отсто поддршка за транспортни трошоци за извезено наливно вино од 1 јануари до 31 октомври 2020, како и поддршка за извезено винско грозје од 15 август до 31 октомври 2020 (два денара за килограм за количини до 12 милиони килограми, три денари за количини од 12 до 25 милиони килограми и четири денари за количини над 25 милиони килограми).

Максималната поддршка што може еден корисник да ја оствари согласно законот изнесува 18.450.000 денари. Овој износ ја вклучува и финансиската подршка што корисникот ќе ја добие согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година.

Предлог-текстот денеска треба да биде разгледан и од Законодавно-правната комисија, од каде потоа, ако биде усвоен, ќе се стави на дневен ред на пленарна седница.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:лозаримеркасобрание
Претходен напис Утврдено законското решение за државната гарантна шема преку Развојната банка, ќе се праќа на усвојување во Собранието
Следен напис Потпишана спогодба помеѓу С. Македонија и Албанија за заедничко одржливо управување со риболовот на Охридското и Преспанското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?