Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Усвоена Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за наредните пет години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Усвоена Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за наредните пет години
Агровест

Усвоена Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за наредните пет години

Објавено 21/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
MIA
Сподели
Ad imageAd image

Советот за развој на Југоисточниот плански регион ја усвои Програмата за развој на овој регион за наредните пет години.

Раководителката на Центарот, Жулиета Ѓуркова, ја презентираше Програмата и според неа изработката се темели на несебичната вклученост на претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, а посебно од вработените во одделенијата за Локален економски развој во општините од Југоисточниот плански регион.

-Целта е создавање на еден квалитетен среднорочен стратешки документ и основа за идна соработка и заедничка имплементација на Програмата. По претходната согласност од страна на Советот за рамномерен регионален развој на Република Северна Македонија, Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за период 2021-2026 година беше едногласно усвоена од Советот за развој на Југоисточниот плански регион, во кој членуваат градоначалниците од десетте општини од регионот, рече Ѓуркова.

Според податоците за 2019 година, во регионот живее 8,32 отсто од вкупното население во Република Северна Македонија. Регионот има вкупна површина од 2.767 километри квадратни, односно 10,76 отсто од вкупната површина на државата, со густина на населеност од 62,46 жители на километар квадратен, што е петти регион по густина на население во државата.

Според предвидувањата од Програмата, Југоисточниот регион во 2026 година треба да биде економски динамичен и конкурентен, препознатлив по атрактивната туристичката понуда, земјоделските производи и храна, грижата за животната средина, социјалната сигурност и квалитетното живеење во урбаните и руралните средини.

Процесот на подготвување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион е поддржан од Министерството за локална самоуправа преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој се спроведува со поддршка на Швајцарската aгенција за развој и соработка во Република Северна Македонија.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Таг:Југоисточниот плански регион
Претходен напис „Дрекселмајер“ отвора нова производствена линија во Кавадарци и нов производствен погон во Куманово
Следен напис СВР Тетово: Земјоделската механизација да биде технички исправна и соодветно осветлена навечер за да се избегнуваат сообраќајки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?