
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) на 13.12.2019 објави нов јавен повик за ко-финансирани грантови за инструментот за поддршка на технолошки развој. Целта на овој инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи (ПЗУ) кои ги исполнуваат условите од Правилникот за инструментот.
Новина која се воведува со овој повик е скратена постапка или „fast track“ за оние апликанти кои аплицирале на претходни јавни повици на ФИТР.
РЕДОВНА ПОСТАПКА – финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи (ПЗУ), кои ги исполнуваат условите од Правилникот за Инструментот за кофинансирани грантови за технолошки развој.
На јавниот повик по редовна постапка може да се аплицира најдоцна до 05.02.2020 год. до 23:59 ч.
СКРАТЕНА ПОСТАПКА или “FAST TRACK” – Апликантите чии предлог проекти не биле одобрени за финансирање од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции, а ја поминале фазата на административна проверка и фазата на претселекција, можат повторно да аплицираат на јавен повик по скратена постапка со истиот, односно подобрен предлог проект со кој учествувале на претходен јавен повик на Фондот.
Можноста за аплицирање по скратена постапка важи за сите јавни повици на ФИТР објавени во период од 12 месеци по добиено известување за резултатите од претходниот јавен повик.
На јавниот повик по скратена постапка може да се аплицира најдоцна до 27.12.2019 год. до 23:59 ч.
Кој може да аплицира
Подобни за финансирање под овој инструмент се апликантите кои ги исполнуваат следните критериуми:
- да е трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија или приватна здравствена установа основана согласно Законот за установи и Законот за здравствената заштита регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија;
- да е претпријатие или ПЗУ со најмногу 250 вработени;
- годишните приходи на апликантот да не надминуваат 10.000.000,00 (десет милиони) евра според финансиските извештаи за претходните две фискални години;
- да не е поврзан со друго претпријатие или ПЗУ каде што збирните годишни приходи надминуваат 10.000.000,00 (десет милиони) евра и збирниот број на вработени да не надминува 250 во претходните две фискални години, освен во случај на поврзаност со високообразовна, односно научно-истражувачка установа;
- да нема поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација;
- да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси;
- против него да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања;
- да ги исполнува условите од Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis)
односно:
- да нема акумулирано повеќе од 200.000,00 (двестотини илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот согласно Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis);
- да нема аклумулирано повеќе од 100.000,00 (сто илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот, ако претпријатието е активно во секторот за патен сообраќај, согласно Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis);
- да не е во потешкотии (претпријатие во потешкотии е претпријатие кое не е во можност да ги исполнува своите обврски од сопствените ресурси или со средства што може да ги добие од својот сопственик/акционерите или кредиторите, за да ги запре загубите, кои без надворешна интервенција од давателите на помош со сигурност ќе доведат до краткорочен и долгорочен престанок со работа на претпријатието); и
- да не се занимава со производство на јаглен.
Висина на ко-финансиран грант
Јавниот повик се спроведува по РЕДОВНА и СКРАТЕНА ПОСТАПКА и се однесува на кофинансирање на предлог проекти до 30% (триесет проценти) од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од 10.000.000,00 (десет милиони) денари по апликант и тоа:
- за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е до 10 вработени и чиј годишен приход во последните две години е помал од 50.000,00 (педесет илјади) евра согласно финансиските извештаи за последните две фискални години, финансирање во максимален износ од 5.000.000,00 (пет милиони) денари,
- за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е од 10 до 250 вработени и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 50.000,00 (педесет илјади) евра, а помал од 10.000.000,00 (десет милиони) евра согласно финансиските извештаи за последните две фискални години, финансирање во максимален износ од 10.000.000,00 (десет милиони) денари
Преостанатите 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет на проектот треба да бидат обезбедени од апликантот (средства добиени од Фондот по која било друга основа или која било друга државна помош, нема да се сметаат за прифатливи средства за кофинансирање од страна на апликантот).
Вкупен буџет за јавниот повик
За финансирање проекти под овој повик за овој инструмент обезбеден е вкупен буџет од 6.000.000,00 (шест милиони) евра, односно 369.156.600,00 (триста шеесет и девет милиони сто педесет и шест илјади и шестотини) денари, од кои:
1. за повик по редовна постапка = 3,000,000.00 (три милиони) евра
2. за повик по скратена постапка = 3,000,000.00 (три милиони) евра
Подобни предлог проекти за аплицирање на овој повик
Подобни за финансирање преку овој Инструмент се предлог проекти од сите сектори, освен за:
- производствени, трговски или услужни дејности кои не се во согласност со закон;
- производство и трговија со тутун, дестилирани алкохолни пијалоци и сродни производи (пијалаци кои содржат алкохол, но не се добиени исклучиво со дестилација, туку за нивно производство може да се користи и природно дестилиран алкохол (добиен од различно, но природно потекло) со давање на различни растителни или други производи, при што преку мецерација, купажа (мешање), ароматизирање, боење, стареење и слично се добиваат различни алкохолни пијалаци во кои содржина на етил алкохол најчесто е повисока од 15%, а во нив може да бидат вклучени различни видови на ликери, коктели и слично);
- производство и трговија со оружје и муниција од било кој вид;
- казина и други правни лица за организирање игри на среќа и други забавни игри;
- истражување, развој или технички барања кои се однесуваат на електронски податоци, програми или решенија, кои сe однесуваат на:
а) поддршка на која било активност која се вбројува во горенаведените сектори од алинеите 2, 3 и 4 на овој член;
б) интернет коцкање и онлајн казина и/или
в) порнографија;
- природно-научни истражувања, развој или технички апликации кои се однесуваат на човечкото клонирање за истражување или за терапевтски цели; и/или за генетски модифицирани организми (ГМО).
Прифатливи трошоци за финансирање
- трошоци за техничка поддршка (експертиза), врз основа на претходно доставен профил на домашни и/или надворешни експерти што ќе се ангажираат на проектот;
- трошоци поврзани со постапки пред организации, научно-истражувачки институти, компании и меѓународни организации поврзани со стекнување на сертификати за квалитет, стекнување на патенти и други права од интелектуална сопственост, како и други документи поврзани со инвестициските активности, што се издаваат од сертифициран субјект;
- трошоци за договорни услуги за истражување и развој (пр. тестирање, лабораториски услуги и слично);
- трошоци за набавка, изнајмување и/или изработка на опрема и хали, софтвер, алатки од информатичка технологија и друг вид на основни ИКТ средства, директно поврзани со реализација на проектот за технолошки развој;
- трошоци поврзани со подготовка и реализација на обуки;– трошоци поврзани со спроведување на план за подобрена организациона структура на апликантот; и
- други оперативни трошоци директно поврзани со реализацијата на проектот, освен оние кои не се подобни за финансирање преку овој инструмент.
Само трошоците направени за време на проектот во согласност со одобрениот буџет и реализирани до крајот на проектот се подобни за финансирање.
Времетраење на проектот
Времетраењето на проектот за кој се доделени финансиски средства преку овој инструмент може да биде до 18 (осумнаесет) месеци.
Корисникот врз основа на оправдани причини може да бара продолжување на времетраењето на проектот со поднесување на образложено писмено барање во кое ќе бидат наведени причините за продолжување. Барањето се поднесува пред истекот на времетраењето на проектот.
Начин на аплицирање
ЈАВЕН ПОВИК ПО РЕДОВНА ПОСТАПКА
За да аплицира апликантот треба да:
- ги преземе обрасците од страницата www.fitr.mk/tehnoloshki-razvoj со клик на копчето „Преземи документација – редовна постапка“;
- уредно да ги пополни, потпише и печатира обрасците за Проектна апликација, Буџет на проектот, Изјава на апликантот за прифаќање на условите на Фондот , Прашалник за животна средина и План за транспарентност и комуникација со јавност.
- да поднесе кратки биографии на главните лица ангажирани на проектот (најмногу за пет лица);
- да поднесе извод од Тековна состојба од Централниот регистар на Република Северна Македонија не постар од 6 (шест) месеци;
- да поднесе Биланс на успех поднесен во Централен регистар на Република Северна Македонија за претходните две години, освен за претпријатија кои се регистрирани во истата година кога е поднесен предлог проектот;
- да поднесе Изјава за сопственичка/основачка структура на Апликантот (заверена на нотар).
- Да поднесе листа/потврда за бројот на вработени кај Апликантот/претставникот на конзорциумот.
Проектната апликација, буџетот на проектот и биографиите треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик и во PDF формат да се прикачат на формуларот за аплицирање достапен на следниот линк: www.fitr.mk/tehnoloshki-razvoj со клик на копчето „Аплицирај-редовна постапка“.
Останатата документација треба да биде доставена само на македонски јазик.
ЈАВЕН ПОВИК ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА:
За да аплицира апликантот треба да:
- ги преземе обрасците со клик на копчето „Преземи документација-скратена постапка“;
- уредно да ги пополни, потпише и печатира обрасците за Проектна апликација, Буџет на проектот, Изјава на апликантот за прифаќање на условите на Фондот , Изјава дека нема промена во задолжителната документација поднесена на претходниот повик на кој аплицирале и дека ги задоволуваат условите за подобност на повикот на кој аплицирале, Изјава дека се работи за ист односно подобрен предлог проект и План за транспарентност и комуникација со јавност.
- во случај на промени на проекниот тим да поднесе кратки биографии на главните лица ангажирани на проектот (најмногу за пет лица);
Проектната апликација, буџетот на проектот и биографиите треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик и во PDF формат да се прикачат на формуларот за аплицирање достапен на следниот линк: Проектната апликација, буџетот на проектот и биографиите треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик и во PDF формат да се прикачат на формуларот за аплицирање достапен на следниот линк: www.fitr.mk/tehnoloshki-razvoj со клик на копчето „Аплицирај-редовна постапка“.Проектната апликација, буџетот на проектот и биографиите треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик и во PDF формат да се прикачат на формуларот за аплицирање достапен на следниот линк: www.fitr.mk/tehnoloshki-razvoj со клик на копчето „Аплицирај-скратена постапка“.
Останатата документација треба да биде доставена само на македонски јазик.
Напишете коментар