I.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС
Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од 614ха44ар 61м2 во регион Свети Николе.
Податоците за земјоделското земјиште предмет на овој јавен оглас (за службености и други товари, за состојбата во која се наоѓа земјиштето, катастарските податоци содржани во имотниот лист) се во согласност со постоечката катастарската евиденција и увид во тие податоци може да се направи на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на огласната табла во подрачната единица на Министерството каде се наоѓа земјоделското земјиште кое е предмет на јавниот оглас.
Земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во закуп со овој јавен оглас е со намена за:
- подигање или одгледување на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии, за период до 30 години,
- подигање или одгледување на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,
- подигање или одгледување на маслинарници за период до 50 години,
- одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години,
- ливади за период до 15 години,
- за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години,
- рибници до 20 години и
- спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.
II. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА јавниот ОГЛАС
Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.
Поврзаните лица во смисла на поврзани правни лица, поврзани физички лица, поврзано физичко лице со правно лице и индиректно поврзани лица во правно лице имаат право на учество на јавниот оглас и можат да достават само една понуда за учество.
Физичките лица треба да се запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства.
Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавен оглас доколку имаат регистрирано подружници во Република Македонија.
На домашните и странските правни лица или нивните подружници земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност или земјоделското земјиште им е потребно за вршење на научно – истражувачки дејности.
Право на учество на јавниот оглас немаат лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина по претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост и даночни обврски и придонеси по основ на: персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување.
Право на учество на јавниот оглас немаат правни лица за кои е отворена стечајна постапка, како и непрофитните организации.
Право на учество на јавниот оглас имаат лицата кои немаат склучено важечки договор за закуп со Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за вкупна површина над десет хектари.
III. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВЕН ОГЛАС
Учесниците на јавниот оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп за површини до 3 хектари во прилог на пријавата треба да достават:
а)за правни лица:
- пoнуда (образец од подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или од веб страната на Министерството www.mzsv.gov.mk);
- понуда (образец од подрачна единица на Министерството),
- доказ (акт) издаден од Централниот регистар на Република Македонија за извршениот упис во трговскиот регистар или од друг надлежен орган за упис на правните лица,
- доказ за намирени обврски по однос на даночни обврски и придонеси по основ на: персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување,
- бизнис план кој содржи основни податоци за учесникот, целта за која ќе го користи земјиштето, применета технологија, број на вработени, пазарни аспекти и очекувани производно-економски резултати и износ на планирана инвестиција (бизнис планот треба да биде потпишан на секоја страна од страна на управителот на правното лице или од овластено лице за потпис со прилог овластвање заверено на нотар),
- изјава дадена под целосна материјална и кривична одговорност дека понудата се поднесува независно без договор со другите учесници на јавниот оглас, а која е во спротивност на членот 24 од овој закон,
- изјава заверена на нотар за веродостојноста на податоците дадени со пријавата за учество,
- доказ за материјално – техничка опременост (сообраќајна дозвола, фактура, договор за купопродажба заверен на нотар, правосилна судска одлука или акт на друг надлежен орган) или доказ за користење на трактор како основно средство за обработка на земјоделското земјиште (договор за лизинг или договор за послуга заверени на нотар),
- потврда од Подрачната единица на Министерството каде се наоѓа земјиштето дека нема склучено важечки договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за вкупна површина над десет хектари,
- понуда за износот на годишната закупнина и
- изјава (заверена на нотар) од основачите и одговорното лице во правното лице дека не биле основачи или управители на правното лице кое користело земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, а кое не ги исполнило обврските од тој договор.
б)за физички лица:
- -понуда (образец од подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или од веб страната на Министертвото www.mzsv.gov.mk);
- доказ за намирени обврски по однос на даночни обврски и придонеси по основ на: персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување,
- фотокопија од лична карта,
- потврда за упис во единствениот регистар на земјоделски стопанства, решение за регистриран вршител на земјоделска дејност или доказ од централен регистар за регистриран трговец поединец,
- програма за користење на земјиштето која содржи основни податоци за семејството, техничко – технолошката опременост, целта за која ќе го користи земјиштето и пазарните аспекти и износ на планирана инвестиција (програмата треба да биде потпишна на секоја страна од подносителот на понудата),
- изјава за веродостојноста на податоците дадени со пријавата заверена на нотар,
- изјава дадена под целосна материјална и кривична одговорност дека понудата се поднесува независно без договор со другите учесници на јавниот оглас, а која е во спротивност на членот 24 од овој закон,
- -доказ за материјално – техничка опременост (сообраќајна дозвола, фактура, договор за купопродажба заверен на нотар, правосилна судска одлука или акт на друг надлежен орган) или доказ за користење на трактор како основно средство за обработка на земјоделското земјиште (договор за лизинг или договор за послуга заверени на нотар;
- потврда од Подрачната единица на Министерството каде се наоѓа земјиштето дека нема склучено важечки договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за вкупна површина над десет хектари,
- понуда за износот на годишната закупнина и
- изјава заверена на нотар дека не бил основач или одговорно лице во правното лице кое користело земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, а кое не ги исполнило обврските од тој договор.
Потребната документација се доставува во оригинал или фотокопија заверена на нотар.
Образецот за учество на јавниот оглас (понуда) потребно е да се пополни целосно со сите потребни податоци, во спротивно понудата нема да биде разгледувана.
IV. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ
Изборот на најповелен понудувач во постапка по јавен оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари, се врши согласно Правилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделско земјиште во државна сопственост кое може да се даде во закуп и определување на големината на површината на земјоделското земјиште кое може да се даде во закуп (“Службен весник на Република Македонија“ бр.12/08, 26/12, 2/13, 158/13, 110/15, 120/15, 129/15 и 27/16), и тоа врз основа на следните критериуми:
-оддалеченоста на местото на живеење, односно седиштето на понудувачот во однос на земјоделското земјиште кое се нуди на јавниот оглас – 65 бодови.
-понудена годишна закупнина по хектар – 25 бодови.
-правниот статус на понудувачот – 10 бодови.
Критериумот оддалеченоста на местото на живеење, односно седиштето на понудувачот во однос на земјоделското земјиште кое се нуди на јавниот оглас значи дека одалеченоста на местото на живеење, односно седиштето на понудувачот во однос на катастарската парцела што се објавува се наоѓаат во иста катастарска општина и се бодира со максимален број на бодови. Доколку понудувач е подружница на домашно правно лице се зема во предвид седиштето на правното лице кое ја основало подружницата.
Критериумот од понудена годишна закупнина по ха се бодира согласно формулата – понудената годишна закупнина по хектар поделена со највисоката годишна закупнина по хектар, помножена со максималниот број на бодови кои можат да се добијат согласно овој критериум при што:
С= (П/Пмах) х 25
С –број на бодови
П – понудената закупнина
Пмах- највисока понудена закупнина
Критериумот правниот статус на понудувачот се бодира со максимален број на бодови за понудувач кој е регистриран вршител на земјоделска дејност или осигуреник во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување како индивидуален земјоделец, трговец поединец или правно лице кои ги исполнуваат условите од член 24 од Законот за земјоделско земјиште.
Максималната површина на која може да аплицира еден понудувач не може да биде поголема од 3 хектари, ниту помала од големината на една катастарска парцела односно блок.
V.ПОЧЕТНА ЦЕНА
Почетната цена по хектар во постапка по овој јавен оглас се утврдува во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето.
Почетната цена по хектар во постапка по јавен оглас за површини до 3 хектари изнесува 25 евра во денарска противвредност за земјоделско земјиште од I до IV катастарска класа и 15 евра во денарска противвредност за земјоделско земјиште од V до VIII катастарска класа, по среден курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата.
Доколку земјоделското земјиште се наоѓа во планински подрачја, почетната цена за земјиштето од I до IV катастарска класа изнесува 15, а за земјиште од V до VIII класа изнесува пет евра во денарска противвредност, по среден курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата.
Доколку предмет на јавен оглас е блок со природни граници формиран од повеќе катастарски парцели со различна катастарска класа или географска целина составена од повеќе блокови со природни граници, се утврдува просечна почетна цена по хектар сразмерно на површината на катастарските парцели со различна катастарска класа кои го сочинуваат блокот со природни граници, односно географска целина составена од повеќе блокови со природни граници.
VI. ОБРАЗЕЦ ЗА УЧЕСТВО НА Јавниот ОГЛАС (ПОНУДА)
Образецот за учество на јавниот оглас (понуда), може да се подигне во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, подрачните единици на Министерството и од веб страната на Министерството и истиот треба да се пополни со сите потребни податоци и да се достави со потребната документација во затворениот коверт, во спротивно понудата нема да биде разгледувана.
Понудите кои не ја содржат целата потребна документација, доставена во оргинал или фотокопија заверена на нотар, понудите кои се поднесени по истекот на рокот за поднесување, означен коверт со која би можел да се идентификува понудувачот, понуди помали од најнискиот износ на годишната закупнина, се поднесени од лице кое нема право да поднесува понуди, како и понудите кои не се изработени според условите утврдени во јавниот оглас, се отфрлаат како некомплетни.
Понудувачот кој не е задоволен од извршениот избор по јавниот оглас може во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката, да покрене постапка пред надлежниот редовен суд.
Понудите кај кои комисијата ќе утврди дека:
– не ја содржат целата потребна документација;
– се поднесени по истекот на рокот за поднесување;
– се доставени во означен коверт со кој би можел да се идентификува понудувачот;
– се поднесени од лице кое нема право да поднесува понуди и
– не се изработени според условите утврдени во јавниот оглас комисијата ќе ги отфрли како некомплетни.
Понудата која ќе биде доставена со понудена закупнина пониска од минималната закупнина утврдена согласно Законот за земјоделско земјиште нема да биде разгледувана и Комисијата ќе ја отфли ако недопуштена.
Некомплетни и ненавремено доставени понуди по јавниот повик нема да се разгледуваат.
Условите предвидени во бизнис планот (за правни лица), односно пазарните аспекти (кај физички лица) ќе бидат составен дел на договорот со избраниот понудувач како договорни обврски кои ќе биде должен да ги исполни во обемот, роковите и на начинот како што ќе бидат опишани во јавниот оглас.
Секој понудувач може да достави само една оригинална понуда за учество на јавниот оглас со потребната документација од дел II на овој јавен оглас.
Договорот за закуп склучен со избраниот најповолен понудувач влегува во сила со денот на воведувањето во владение на закупецот врз земјоделското земјиште предмет на договорот од страна на закуподавачот и тоа само за површините за кои е воведен во фактичка власт.
За земјоделското земјиште во државна сопственост кое по пат на јавен оглас или јавен повик ќе се додели во закуп на физичко лице на возраст до 40 години или на трговско друштво со управител или извршен директор на возраст до 40 години, обврската за плаќање на закупнина од страна на закупецот настапува три години по влегувањето во сила на договорот за закуп.
Доколку трговското друштво во периодот до три години по влегувањето во сила на договорот за закуп го промени управителот или извршниот директор со лице на возраст над 40 години, обврската за плаќање на закупнина ќе се смета дека настапила од денот на влегувањето во сила на договорот за закуп.
VII. ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДАТА
Понудата и другата потребна документација се доставуваат во затворен коверт на кој во горниот лев агол треба да стои ознаката „не отварај„ „Понуда по Јавен оглас 02/19 за земјоделско земјиште под закуп за површини до 3 хектари зо регион (се впишува регионот) и во средина „Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ул.Аминта Трети бр.2 Скопје” во рок од 20 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневните весници.
Ковертот не треба да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува понудувачот, односно испраќачот.
Понудите доставени по овој јавен оглас бр.02/19 ќе бидат јавно отворени третиот работен ден сметано од последниот ден за поднесување пријави за учество на јавниот оглас.
Јавното отварање ќе се одржи во големата сала за состаноци во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ул.Аминта Трети бр.2 Скопје со почеток од 10 часот.
VIII. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во подрачните единици, да ја посетат веб страницата на Министерството www.mzsv.gov.mk или во Секторот за регистрирање и управување со земјоделско земјиште на телефон: 02 313 44 77.
Напишете коментар