Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Услови и потребна документација за користење средства од ИПАРД, мерка 7 – „Инвестиции во обезбедување на услуги во земјоделството“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Услови и потребна документација за користење средства од ИПАРД, мерка 7 – „Инвестиции во обезбедување на услуги во земјоделството“
Рурален РазвојСоветиФондови

Услови и потребна документација за користење средства од ИПАРД, мерка 7 – „Инвестиции во обезбедување на услуги во земјоделството“

Објавено 26/08/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Покрај развојот на бизнисите и развивањето на не-земјоделските микро и мали претпријатија кои се базираат на локални ресурси и кои се поврзани со подобрување на квалитетот на живот во руралните средини, една од специфичните цели на ИПАРД програмата е одржување на земјоделските активности во руралните средини преку овозможување на одредени услуги.

Токму мерката 7 од ИПАРД III ( 2021-2027) програмата, која се очекува наскоро да биде објавена поддржува Инвестиции во обезбедување на услуги во земјоделството, и тоа во приоритениот сектор 5.

Во овој сектор спаѓаа спаѓаат следните дејности:

• Воспоставување и унапредување на ветеринарните служби;
• Воспоставување и реновирање на работилници за одржување и поправка на земјоделска механизација, машини и опрема;
• Воспоставување на услуги за изнајмување на земјоделска механизација и машини (машински прстени)

I. Кој може да аплицира:

– Физички лица:

  • Лице регистрирано во Единствениот регистар на Семејни земјоделски стопанства
  • Регистриран индивидуален земјоделец
  • Физичко лице регисрирано како: занаетчија, угостител, трговец поединец,

– Правни лица (микро и мали претпријатија):

  • Правни лица регистрирани воЦентрален регистар, кои не вработуваат над 50 вработени и немаат годишен обрт над 10 милиони €.

-Задруги

  • Задруги регистрирани во Централен регистер согласно законот за задруги.

II. Висина на финансиска поддршка

Висината на финансиската поддршка изнесува 65% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата (трошоците без ДДВ).

  • Минимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект е – 5000 €
  • Максимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект е – 1 000 000 €

III. Прифатливи трошоци

  • Градба/реконструкција на објекти и друг недвижен имот кој се користи за прифатливите економски активности;
  • Набавка и/или инсталирање на нови машини и опрема поврзани со прифатлива економска активност;
  • Набавка на наменски транспортни резервари и приколки;
  • Набавка на повеќегодишни дрвја и растенија (со исклучок на семе, саден материјал и мицелиум);
  • Набавка на нови машини и опрема за заштита на животната средина вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија;
  • Инфраструктурно уредување.

IV Локација на прифатлива инвестиција

 Проектот е прифатлив за финансирање доколку локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата се наоѓа во рурална средина во согласност со „Листата на рурални средини”.

V. Листа на потребни документи

Покрај основната документација потребна за апликација за ИПАРД, мерка 7, за овој ПРИОРИТЕТЕН СЕКТОР 5 – „ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО“ потребна е и дополнителна документација.

Напоменуваме дека СИТЕ ДОКУМЕНТИ ПОТРЕБНИ ЗА ОВОЈ ПРИОРИТЕТЕН СЕКТОР АГЕНЦИЈАТА ЌЕ ГИ ДОБИЕ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ. БАРАТЕЛОТ НЕ Е ДОЛЖЕН ДА ДОСТАВИ ДОКУМЕНТИ СПЕЦИФИЧНИ ЗА ОВОЈ ПРИОРИТЕТЕН
СЕКТОР.

VI. Документи кои Агенцијата ги прибавува по службена должност за приоритетен сектор 5

  • РЕШЕНИЕ ЗА ВЕТЕРИНАРНА СТАНИЦА
  • МИСЛЕЊЕ ДЕКА ПЛАНИРАНТА ИНВЕСТИЦИЈА Е ВО СОГЛАСНОСТ СО НАЦИОНАЛНИТЕ И ЕУ
    СТАНДАРДИ ЗА ВЕТЕРИНАРНО ЗДРАВЈЕ

Повикот за Мерка 7 од ИПАРД 3 програмата наскоро ќе биде објавен.

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Таг:инвестицииИпардМерка 7услуги во земјоделството
Претходен напис Инфосредби со земјоделците од Кочанско против палењето на сламата
Следен напис Очекувајте нов африкански бран – За викендот и на почетокот од следната недела температури близу 40°C
1 коментар 1 коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?