Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Уште десет дена поднесување барања за земјоделски субвенции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Уште десет дена поднесување барања за земјоделски субвенции
Агровести

Уште десет дена поднесување барања за земјоделски субвенции

Објавено 20/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На барање на Министерството за земјоделство, Владата минатиот месец го пролонгираше рокот поради пандемијата.

Првично, рокот за аплицирање за финансиска поддршка беше до 31 мај.

-Поради состојбата предизвикана од пандемијата, аплицирањето за субвенции оваа година се одвиваше со намалена динамика. Во интерес на сите земјоделци кои досега не успеаја да ги поднесат своите барања, Министерството за земјоделство во соработка со Агенцијата за финасиска поддршка поднесе барање до Владата за продолжување на рокот кое беше прифатено, информира тогаш МЗШВ.

Министерството апелира земјоделците да го искористат продолжениот рок и да аплицираат електронски на www.ipardpa.gov.mk, а доколку не можат или не знаат како, да се обратат во подрачните единици на МЗШВ каде ќе добијат помош.

Барањата за мерките за растително производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, додека барањата за сточарско производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во ФАРМ регистарот со состојба на денот на аплицирањето.

Пред да поднесат барања за субвенции, земјоделците треба да ги ажурираат податоците за да бидат точни и целосни информациите во сите системи од каде Платежната агенција потоа ги презема. Потоа може преку веб страницата на Агенцијата електронски да поднесат барања со претходна регистрација во системот и клик на банерот „директни плакања” – е-барање.

За финансиска поддршка во земјоделството оваа година се предвидени 3.723.103.000 денари, а аплицирањето почна на 5 април 2021.

МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:барања за субвенциисубвенции
Претходен напис (ВИДЕО) Министерот Хоџа: Нема може, мора да има постојано авион кој веднаш ќе реагира и ќе ги штити насадите во Преспа од град
Следен напис Официјален старт на кетеринг сезоната за Рурални Жени од Преспа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?