Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УСАИД промовира прекугранична економска соработка во Западен Балкан
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УСАИД промовира прекугранична економска соработка во Западен Балкан
Агровести

УСАИД промовира прекугранична економска соработка во Западен Балкан

Објавено 15/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

УСАИД денеска одржа регионална конференција за зајакнување на прекуграничната соработка во регионот на Западен Балкан и на ЦЕФТА, во рамки на ЦЕФТА Неделата 2021 година, во партнерство со ЦЕФТА, Транспортната заедница, Групацијата на Светска банка и Министерството за економија на Македонија.

– Учесниците од земјите на Западен Балкан и ЦЕФТА разговараа за напорите за подобрување на регионалното економско интегрирање како начин за поттикнување на економскиот раст низ целиот регион. Дискусиите се фокусираа на глобалните стандарди и најдобрите практики за воспоставување на заеднички гранични премини и заеднички контроли, кои ќе го забрзаат времето потребно за движење на стоките преку граница. Зголемувањето на ефикасноста на трговијата низ регионот помага да се изградат посилни, поодржливи и подобро поврзани економии, со што се отвораат поголеми економски можности и се подобруваат животите на граѓаните, информираат од УСАИД.

На присутните им се обратија претставникот на канцеларијата на УСАИД во Македонија Ерик Јановски, директорката на Царинската управа на Македонија Славица Кутиров, директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА Емир Џикиќ, директорот на Секретаријатот на Транспортната заедница Матеј Закоњшек и претставничката на Групацијата на Светска банка Виолејн Конар – Лиси.

– Олеснувањето на прекуграничната трговија во регионот ќе им помогне на локалните бизниси да се прошират, ќе го поттикне претприемништвото и ќе создаде повеќе можности за секого – без разлика дали живеете во Северна Македонија или Молдавија, рече Ерик Јановски, претставникот на канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија.

Конференцијата беше организирана од Проектот на УСАИД за економски развој, владеење и раст на претпријатијата (EDGE), кој работи со владите и приватниот сектор за да создаде инклузивен, одржлив економски раст во Европа и Евроазија и да ја поддржи интрарегионалната и евроатлантската интеграција.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Западен балкансоработкаУСАИД
Претходен напис „Шарска белина – шарска убавина“ – Скијачката сезона во Ски – центарот „Попова Шапка“отворање на Скијачката сезона во Ски – центарот „Попова Шапка“
Следен напис Во тек е настанот „Денови на кариера“ на Факултетот за земјоделски науки и храна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?