Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Украина размислува за нова рута за житото – Идејата е да поминува низ територијалните води на Бугарија и Романија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Украина размислува за нова рута за житото – Идејата е да поминува низ територијалните води на Бугарија и Романија
Агровести

Украина размислува за нова рута за житото – Идејата е да поминува низ територијалните води на Бугарија и Романија

Објавено 19/07/2023
Сподели
3 мин. за читање
pixabay
Сподели
Ad imageAd image

Новата рута за транспорт на украински земјоделски производи, по повлекувањето на Москва од Црноморската иницијатива, би можела да минува низ територијалните води на Бугарија и Романија, изјави украинскиот амбасадор во Турција Василиј Боднар.

Договорот за жито заврши во понеделникот кога Руската Федерација ги извести Турција, Украина и ОН за својот приговор на неговото продолжување. Рускиот претседател Владимир Путин претходно истакна дека условите од договорот со Русија не се почитувани и покрај напорите на ОН, бидејќи западните земји нема да ги исполнат своите ветувања.

-Ставот на Турција во оваа ситуација, односно нејзината подготвеност понатаму да преговара со Руската Федерација е дел од политиката на земјата за да ги задоволи своите интереси. Турција се обидува да ги продолжи услугите за посредување, бидејќи како посредник на „договорот за жито“ се обидуваше да најде „златна средина“ и да ги минимизира ризиците – изјави Боднар на новинарите, пренесува Интерфакс-Украина.

"Ukraine is considering a new route for transporting grain through the territorial waters of Bulgaria and Romania as part of a trilateral grain initiative with the UN and Turkey", – the Ukrainian ambassador to Ankara said.

— MAKS 23 👀🇺🇦 (@Maks_NAFO_FELLA) July 19, 2023

Според него, Русија можеби нема да прибегне кон извршување на сите закани за кои зборуваше, но дека тие остануваат и дека тоа влијае на работата на бродските компании, осигурувањето итн.

-Да бидеме искрени. Русија по повлекувањето од договорот изјави дека не гарантира безбедност. А тоа значи дека ќе ги гранатира пристаништата, инфраструктурата и, можеби, бродовите. Тоа е ризик – изјави украинскиот амбасадор.

Боднар потсети дека Украина формирала фонд за осигурување на овие ризици, но дека има одредени услови.

-Имаме можност да привлечеме бродови и компании. Од наша гледна точка, тоа може да се реализира без користење на оваа веќе договорена траса, туку преку територијалните води на Романија и Бугарија. Тоа е и можна опција за минимизирање на ризикот – објасни украинскиот министер.

Фото/ukragroconsult.com

Истовремено, Боднар ја истакна потребата од одговорност на меѓународната заедница, со цел од една страна да и помогне на Украина да го спроведе таквото сценарио, а од друга страна да изврши притисок врз Русија да ги спречи можните напади.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бугаријароманиа
Претходен напис Кој е сточарот кој на секоја крава ѝ купил душек од 100 евра?
Следен напис Хрватска ги нуди своите пристаништа за извоз на украинско жито
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?